Македонија

Ексклузивно: Американската православна црква ќе ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија

Признавањето ќе се случи на сослужение меѓу двајцата поглавари, кое ќе се одржи во катедралата Свети Никола на Митрополитот Тихон во Вашингтон

Во ексклузивната информација од САД се вели дека Американската православна црква ќе ја признае Македонската православна црква – Охридска архиепископија под нејзиното уставно име без никакви задршки или услови.

 

Одлуката била донесена на посебна седница на 21 мај 2025 година, кога Светиот синод на Православната црква во Америка одлучил, со непосредна одлука, да ја признае каноничноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, дознава expres.mk.

 

Со одлуката се потврдува целосната заедница на американската црква со архиереите, свештенството и верниците на МПЦ-ОА.

 

Оваа вест до православната екумена ја пренесол Неговото Блаженство Митрополитот Тихон во неговиот извештај од 15 јули 2025 година.

 

Извештајот е поднесен пред 21-от Сеамерикански совет на Американската православна црква кој се состанува оваа недела во Феникс, Аризона.

 

Одлуката на АПЦ доаѓа на барање на Неговата Светост Патријархот Српски Порфириј, кој, во официјална кореспонденција со Неговото Блаженство Тихон, побарал Православната црква во Америка, во согласност со Томосот доделен од Српската православна црква, да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

 

Според информациите од САД во моментов кабинетите на Митрополитот Тихон и Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Македонски Стефан,  планираат сослужение меѓу двајцата поглавари, кое ќе се одржи во катедралата Свети Никола на Митрополитот Тихон во Вашингтон.

 

Ова сослужение, како што Митрополитот Тихон го информирал Сеамериканскиот совет, ќе биде крунисано со формално признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, која го зазема своето место покрај Православната црква во Америка како целосно автокефална помесна православна црква.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов: Уредот за хлорирање во Крушево не работел еден час поради немање струја, случајот не е како во Гостивар

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со она што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување […]

ДУИ си ги бара позициите од претходната власт, сега виновни му се од ВРЕДИ

ДУИ нема да гласа за закон што ја остава фер застапеноста на милост и немилост на методологиите што Владата ќе ги изготви пост фестум., Одбраната на Охридскиот договор и уставните гаранции не е блокада, туку политичка и национална одговорност“.

Македонските верници му оддадоа почит на СВ Архангел Гаврил

Во древното светилиште посветено на светиот архангел Гаврил, во месноста Манастирец во Долни Дримкол, кое е метох на Бигорскиот манастир, беше отслужена света архиерејска Литургија по повод празникот Собор на светиот архангел Гаврил.

To top