Македонија

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

Недоволната застапеност во локалната власт, административните пречки, ограничениот пристап до основни јавни услуги и долгите патувања до институциите ги примораа Македонците во Голо Брдо и Гора во Албанија да се здружат и да поднесат барање за формирање на свои две нови општини.

На тој начин се надеваат дека конечно ќе добијат еднаков третман како и сите граѓани во Албанија. Посочуваат дека во државата веќе постојат општини формирани врз етнички и регионален принцип, како што е Пустец за Македонците, но и уште неколку општини за грчката заедница.

Оттука, логично и праведно е истиот принцип да важи и за Македонците во Голо Брдо и Гора и тие да добијат можност самите да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат идентитетот и да обезбедат подобри услови за живот. Еден од иницијаторите на барањето, поранешниот градоначалник на Пустец, Темелко, вели дека Македонците во овие региони не бараат привилегии, туку само еднаков третман.

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец.

Здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“, побара формирање на две нови општини, Голо Брдо и Гора

Заедно со Елена Горица Симонофски, тие го поднесоа барањето до надлежната комисија во Албанскиот парламент, кој веќе работи на новиот закон за територијална поделба. За нив, барањето има цврста правна основа и истото им е загарантирано со албанскиот устав и меѓународните конвенции за правата на малцинствата. Се надеваат дека надлежните конечно ќе имаат слух за нивните проблеми и дека нивното барање ќе биде прифатено.

„Се надеваме ние нашето ќе го сториме, нашето барање е доставено до оваа комисија, потоа ќе ги известиме сите меѓународни претставници, ќе се достави до сите релевантни амбасади, меѓународни институции кои делуваат во Албанија, се надеваме дека со напорна поддршка и од самата матична држава, имаме голема поддршка, еве на 10 мај очекуваме посета на премиерот Христијан Мицкоски, во едно кратко време по третпат дојде во Албанија, нè посети, се надеваме заеднички да се избориме, навистина оваа неправда да биде на свое место и Македонците, жителите од областа Голо Брдо и Гора, исто како Пустец да си имаат своја општина и да си одлучуваат за својата иднина. Во Албанија има еден проблем, останатата политика од претходниот систем дека Македонци се признаваат само регионално, освен во областа во Мала Преспа, со тоа се дава можност во овие две области самите Македонци да се организираат, да си го чуваат својот македонски идентитет, да се развиваат такви какви што се – Македонци“, изјави Едмонд Темелко, поранешен градоначалник на Пустец.

Во услови на зголемено иселување и долгогодишна запоставеност, жителите на овие региони ја гледаат оваа иницијатива како можност за подобра иднина и дека барањето за свои општини нема да донесе само административна промена, туку чекор кон подостоинствен живот.

Најнови вести од: Македонија

Неуспешните обиди на Бугарите да ги спречат Кажимјеж Фелешко и други полски македонисти во меѓународната афирмација на самобитноста на македонскиот јазик

Денес, на 3 јули 2026 година се навршуваат 25 години од смртта на истакнатиот полски славист и македонист Кажимјеж Фелешко, еден од големата низа полски македонисти, кој има дадено драгоцен придонес кон меѓународните студии на македонскиот јазик, третиран како засебен јазик во семејството на јужнословенските јазици. Оваа годишнина е повод за осврнувањето на научното творештво негово, но и на цела една голема низа други исто така истакнати полски македонисти, кои повеќе децении во континуитет се вклучени во студиите за македонскиот јазик, во македонистиката во Полска, а со тоа и во широката меѓународна афирмација за македонскиот јазик. Во овој контекст е посебно за истакнување и една од најголемите полски македонистки и членка на Македонската академија на науки и уметности Зузана Тополинска, која во 2020 година ќе изнесе шокантно сведоштво во интервју за „360 степени“ дека Бугарите ѝ нуделе дури и пари да се откаже од македонистиката и македонскиот јазик. „Бугарите се циркус, поради својата несигурност во врска со поради македонскиот јазик!“ – ќе каже академик Тополинска во тоа свое интервју. Во 2005 година професорката Лилјана Минова – Ѓуркова ќе изнесе уште еден вџашувачки момент: при доделувањето на почесниот докторат на науки на Станислав Гајда, полски филолог и македонист, од страна на Универзитетот УКИМ, Бугарите им упатувале и ултиматуми не само на група македонски македонисти, туку и на самиот Гајда, „да се откажат од Македонците и македонските дијалекти во Бугарија“! Ова Ѓуркова го напишала во соодветно полско списание во статија посветена на доделувањето на почесниот докторат на науки на Гајда, инаку полски филолог-македонист, како и член на Полската академија на науки.    

Ошлис: Македонецот Наум Охридски е европски просветител, но и дипломат, а Европа ако ја изгуби Македонија, набргу ќе се изгуби и саматата себеси! (3)

Големиот германски македонист проф.д-р Волф Ошлис силно ја застапува македонската историска перспектива и нагласува дека дејноста и традицијата на Свети Наум Охридски е дел од македонското јазично-културно и просветителско наследство. Во своите истапувања на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура во Охрид во изминатите години Ошлис ја ја аргументирал повеќе пати својата констатација дека Наум е еден од основноположниците на македонската култура, јазик, религија и наука, без никаква врска со други народи во Балканот. Во својот научен труд со наслов „Македонецот Наум Охридски и Германецот Регино фон Прим како европски дипломати“ Ошлис, дури, го означува македонскиот просветител и како еден од првите и тоа врвни европски дипломати, поради развиените контакти, што ги имал со тогашните владетели и видните личности од нивните царски дворови, во рамки на своето учество во тогашната Моравска мисија на македонските и сесловенски просветители Кирил и Методиј, започната во 863 година меѓу народите во Средна Европа.

„СДК“: На „Маркова нога“ ќе се обнови спомен-плочата за седумте младинци од Лерин, ѕверски убиени на 17.1.1944 од бугарскиот фашистички окупатор

„На седумте младинци борци од Лерин, ѕверски убиени на 17 јануари 1944 година од бугарскиот фашистички окупатор“, пишува на спомен-плочата на граничниот премин Маркова Нога. Повторното отворање на граничниот премин Маркова Нога во Преспа ќе нема само политичко, и економско начење. Преминот ќе биде и место за историско сеќавање бидејќи непосредно до него, на македонската страна, се наоѓа спомен-плочата за седумте младинци од Лерин кои беа измачувани и убиени од фашистичките сили за време на Втората светска војна, објави информативниот портал „СДК“.

To top