Македонија

Академијата со најголема цензура – Каракамишева објави дело за Македонскиот уставен идентитет контра Концептот на ,,Се поблиска ЕУ”

И покрај сите тешкотии, неправди и болни трауми, македонскиот народ е посилен и похрабар во својата борба за постоење

Професорката по политички систем и уставно право Тања Каракамишева по 24 месеци сложен процес објави книга во која се анализира  Македонскиот уставен идентитет наспроти концептот на ,,Се поблиска ЕУ”.

 

,,Конечно, по две години работа, процес на двојна анонимна рецензија и сложена процедура за објавување која вклучуваше бројни филтри и контроли, со задоволство објавувам дека книгата и поглавјето со наслов:
„Македонскиот уставен идентитет наспроти концептот на ‘Сѐ поблиска унија’ – предизвици, дилеми и перспективи“
се сега достапни за читање во електронска форма.

Зошто ова поглавје ми е посебно драго и зошто сум многу благодарна што конечно излезе на виделина?

Затоа што во неговите страници читателите ќе најдат факти и аргументи за Македонија кои ретко се дискутираат во Европа или на глобално ниво.

Поглавјето ја опфаќа објективната вистина за правната, политичката, уставната, транзициската и идентитетската историја на Македонија — теми кои добиваат многу малку внимание во академските кругови во Македонија и во светот.

Поглавјето ги објаснува четирите главни кризи кои го обликуваа развојот на македонската држава, презентирајќи ги — преку правна аргументација и докази — неправдите што ги претрпеле македонскиот народ и држава.

Тоа е хронолошки приказ на неправдите нанесени на мал, но издржлив народ.

И покрај сите тешкотии, неправди и болни трауми, македонскиот народ ќе опстане — излегувајќи уште посилен и похрабар во својата борба за постоење.

Изразувам длабока благодарност до Central European Academy Publishing и до главните уредници Јанош Еде Силаѓи и Ѓерѓ Маринкаш.

Ретка е привилегијата во академскиот свет да добиеш целосно разбирање и поддршка за својата интелектуална и морална борба. Таква поддршка добив од главните уредници и од издавачката куќа за која сум им неизмерно благодарна”, порачува Каракамишева.

 

Професорката е разочарана од своите колеги од Академаките кругови.

,,Иронично и парадоксално е што токму академската сфера денес покажува повеќе молк и цензура од можеби која било друга област.

Слободата на мислата и јавното изразување на мислата — идеали кои би требало да бидат срцевина на академијата — одамна ја изгубија својата храброст, достоинство и интегритет”, смета Каракамишева.

Поглавјето за Македонија е достапно на овој линк 👇👇👇

https://real.mtak.hu/220390/1/Maastricht%2030%20-%20A%20Central%20European%20Perspective%20-%20Chapter%202.pdf

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повикува на истрага за трошењето на парите во згаснатото СЈО

Политичкото влијание освен по присуството на лица од раководството на СДС, се гледало и преку присуство на нивни советници. Оттука СЈО наместо институција за спроведување на закон, главно било собиралиште на раководството на СДС

Научна конференција „Триесет години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров“: кој го нарача обидот да биде убиен и зошто?

Утре во Филозозофскиот факултет во Скопје ќе биде одржана научна и стручна конференција на тема „Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров, претседател на Република Македонија и врховен командант на Армијата на Република Македонија“. Како што истакнуваат од одборот за одржување на конференцијата, таа би требало да даде одговори на четири најважни прашања: (1) кои беа причините и мотивите за атентатот? (2) кои се можните нарачатели и извршители? (3) дали можеше да биде спречен атентатот и зошто не беше? (4) зошто државните органи во изминатите три децении не дадоа одговор на овие прашања?

Најбараното патување со воз во Туркије: Од Анкара до Карс – комфор, историја и впечатливи снежни глетки

Расте интересот за познатиот туристички воз на Туркије, наречен Туристички источен експрес, што сообраќа на релација Анкара – Карс. Ова патување со железница денес важи за едно од најбараните и најпопуларните, наменето токму за туристи.

To top