Македонија

Јаневска: Наставниците ќе дежураат во училишните ходиници и дворови

„Наместо учениците, отсега, наставниците ќе дежураат во училишните ходници и дворови“, најави министерката

 

Министерката за образование  Весна Јаневска, најавува дека наставниците ќе дежураат во училишните ходници и дворови.

„Наместо учениците, отсега, наставниците ќе дежураат во училишните ходници и дворови.

„Сакам да ве информирам дека Министерството за образование и наука испрати писмо до сите училишта и општини, со барање да ја вратат практиката што постоеше во минатото – да дежураат наставници за време на долгите и кратките одмори, наместо учениците. Верувам дека оваа мерка ќе помогне во спречувањето на инциденти и несоодветно однесување на учениците“, објави министерката на својот Фејсбук профил.

Јаневска повтори дека за поефикасна борба против насилството меѓу врсниците, неопходна е поддршка од сите општествени актери, а најважно од сè, од семејството, родителите и старателите.

Брутална тортура од три повозрасни девојчиња врз шестоодделенка во Ѓорче Петров, ја гореле со цигара и ја присилувале да јаде измет од куче!

Најнови вести од: Македонија

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top