Хроника

Брутална тортура од три повозрасни девојчиња врз шестоодделенка во Ѓорче Петров, ја гореле со цигара и ја присилувале да јаде измет од куче!

Родители пријавиле морничав злосторнички случај на врсничко насилство меѓу ученички од основно училиште во Општината Ѓорче Петров, објави Вечер Прес.

Ученичка од шесто одделение била брутално малтретирана од три повозрасни девојчиња и како последица на тортурата, сега добива стручна помош. Таа била горена со цигари, понижувано од соученичките во паркот близу општината, а била и присилена да јаде измет од куче, додека сето тоа било сниман со мобилен телефон.

„Пријавено е дека малолетно девојче двапати било физички нападнато од неколку малолетнички од истото училиште. Извршени се службени разговори во присуство на родителите, прибрани се материјални докази, меѓу кои и видеозаписи, и во координација со ОЈО се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од МВР за медиумот.

Според првичните информации, наводно причина била кавга преку општествената мрежа инстаграм.

Најнови вести од: Хроника

Двајца српски државјани лишени од слобода на Табановце поради брзина од над 160 км/ч – ќе одговараат за безобѕирно управување

Системот „Безбеден град“ ги евидентирал додека возеле со повеќе од двојно над дозволената брзина на делницата од Демир Капија до Гевгелија

To top