Македонија

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик – 5 Мај

Денешниот ден ќе биде одбележан и на ФИНКИ преку работилница за дигиталните јазични ресурси за македонскиот јазик.

Со серија настани и научни трибини, денеска во земјата се одбележува 5 Мај, Денот на македонскиот јазик. Празникот официјално се празнува од 2019 година, во чест на историското решение од 1945 година со кое македонската азбука стана официјално писмо.

Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, додека првиот правопис беше озаконет два месеци подоцна, на 7 јуни 1945 година.

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ празникот ќе го одбележи со обраќања на директорката Елена Јованова-Грујовска, Кристина Николовска и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во рамки на настанот, научниот советник Борче Арсов ќе го одржи излагањето „Од црти и рески до кирилицата: патот на македонското писмо“.

На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ ќе се одржи трибина посветена на состојбите во современиот јазик и неговата примена во правните акти, каде ќе учествуваат професори и експерти од повеќе институции.

Собраниската Комисија за култура и туризам, пак, ќе го одбележи јубилејот 80 години од првата „Македонска граматика“ на Круме Кепески. Покрај пратениците, за важноста на ова дело ќе говорат и универзитетските професори Димитар Пандев, Васил Дрвошанов и Јованка Кепеска.

Денешниот ден ќе биде одбележан и на ФИНКИ преку работилница за дигиталните јазични ресурси за македонскиот јазик.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top