Македонија

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција

Град Скопје

Мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба, конечно ќе биде ставен во функција, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.

– Она што со години беше симбол на застој, неодговорност и нерешени проблеми, конечно добива решение. Мостот што народот со право го нарекуваше „мост кој не води никаде“ или „мост за ловење риба“, повеќе нема да биде потсетник на нечија неработа, туку ќе стане вистинска сообраќајна врска во служба на граѓаните. По неколку години хаос, одолговлекување и немање волја да се олесни секојдневието на скопјани, денес со гордост можам да кажам дека овој горлив проблем го решаваме. Завршени се експропријациите, кои беа најголемата пречка и со години го кочеа пуштањето на мостот во употреба.

Сега следува воспоставување целосен и функционален сообраќаен проток, по наредните 60 дена од започнувањето на подготвителните активности, средувањето на потребната документација и процесот на преселување на луѓето кои живеат во објектите на трасата, наведува Ѓорѓиевски.

Тој им се заблагодарува на граѓаните со кои е постигнат договор за решавање на проблемот, како и на градоначалниците на Гази баба и на Аеродром, Бобан Стефковски и Дејан Митески, за посветеноста и поддршката.

– Ветив дека овој мост ќе биде решен во рок од четири години. Но, со работа, посветеност и силна волја, го решаваме за само шест месеци од мојот мандат! И не е само овој мост. За шест месеци ги откочивме и „Момин Поток“, булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и булевар „Македонија“ – проекти кои со години изгледаа невозможни, а денес стануваат реалност, вели Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Кои ги злоупотребувале боледувањата?! ФЗОМ се мисли дали породилното да се продолжи на 12 месеци?!

Фондот за здравствено осигурување ги претстави резултатите од работењето. Едно е сигурно, потребно е многу повеќе да се направи, и за развој и за корекција на аномалиите на системот за здравствено осигурување. ФЗОМ се мисли дали породилното да се продолжи на 12 месеци?!

Филипче: Македонскиот јазик е официјално признат во ЕУ, од никого и никако не е загрозен! – Радев од 2019 до 2026: Тоа е бугарски дијалект!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска, на прес-конференција по повод Денот на македонскиот јазик, истакна дека јазикот е целосно признат во Фронтекс во 2022 година – првиот официјален договор во Европската Унија потпишан на чист македонски јазик, оценувајќи дека „Христијан Мицкоски продолжува со својата стара кампања и лажно бранење на идентитетот.

Ивор Мицкоски со порака до Филипче: Ти си глупав, петоколонаш а сега и злобна будала, што одработува за странски интереси!

Колумнистот и екс висококотирачки социјалдемократ Ивор Мицковски на Фејсбук ја коментира изјавата на Венко Филипче дека Бугарија никогаш не го негирала нашиот идентитет.

To top