Бизнис

Е-фактура до крајот на годината и фронтална борба со сивата економија

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамки на официјалната посета на Словачка, денеска одржа работен состанок со својот колега Ладислав Каменицки. Во фокусот на разговорите беше дигитализацијата на даночните процеси, при што министерката најави дека системот за е-фактура во Македонија ќе биде целосно имплементиран до крајот на оваа година.

Дигитализацијата на даночните процеси, унапредувањето на управувањето со јавните финансии, анализата на јавните трошоци и продлабочувањето на економската соработка беа во фокус на работниот состанок меѓу македонската и словачката делегација, предводени од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и словачкиот министер за финансии Ладислав Каменицки. Состанокот се одржа во рамки на официјалната посета на министерката Димитриеска-Кочоска на Словачка, а од Министерството за финансии информираат дека биле разгледани тековните макроекономски и фискални состојби, како и управувањето и евалуацијата на јавните инвестиции.

Посебен акцент бил ставен на дигиталните алатки во даночниот систем, меѓу кои е-фактура, е-фискализација и QR плаќања. Министерката истакнала дека искуствата на Словачка во оваа област се важен пример за зголемување на ефикасноста, транспарентноста и борбата против сивата економија.

Во рамки на разговорите била отворена и темата за Анализа на јавните трошоци (Spending Review), која согласно Реформската агенда 2024–2027 треба да започне во текот на годината и се очекува да придонесе за поефикасно и потранспарентно управување со јавните финансии.

Димитриеска-Кочоска посочила дека земјата е во фаза на воведување на системот за е-фактура, при што се очекува негова целосна имплементација до крајот на годината.

Таа се осврнала и на економските движења, истакнувајќи дека во 2025 година економијата забележала раст од 3,5 проценти, поттикнат од инвестициите, домашната побарувачка, инфраструктурните проекти и приватниот сектор. За 2026 година, Владата останува претпазлива поради глобалната неизвесност, но растот се очекува да се темели на инвестиции и структурни реформи.

  • Фокусот останува на стабилни јавни финансии, поддршка на инвестициите, дигитализација и борба против сивата економија – нагласила министерката.

Словачкиот министер Ладислав Каменицки изразил подготвеност за понатамошна размена на искуства и експертиза во областа на јавните финансии, дигитализацијата и реформските процеси.

Двете страни оцениле дека соработката меѓу Македонија и Словачка ќе продолжи да се продлабочува преку заеднички иницијативи и размена на добри практики, со цел економски развој и подобрување на условите за граѓаните и бизнисите.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Храната поскапела за 1%, на удар транспортните услуги кои ќе влијаат во крајната инфлација за април, вели премиерот

Најмногу се зголемени транспортните услуги и секако тие ќе влијаат во крајниот износ на инфлацијата за април, која очекувам да излезе деновиве – рече Мицкосцки. Тој посочи дека има зголемена инфлација и во еврозоната. Во Бугарија е веќе над 6 отсто, Хрватска се движи околу 6, а Грција околу 5.

ДЗС: Инфлација од 5,7% во април, храна поскапа за 8% за една година

Инфлацијата во април бележи повторно зголемување. Државниот завод за статистика денеска објави дека трошоците на живот во април на годишно ниво бележат зголемување од 5,7 проценти, а цените на мало раст од 5 проценти.

РКЕ: Ќе се преиспитуваат блоковите за потрошувачка на струја, што ќе значи тоа за сметките?!

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, смета дека треба да се направи детална анализа на системот со четири тарифни блока за електрична енергија. Според него, нелогично е да се плаќаат четири цени за ист берзански производ. „Мој личен став е дека треба да се отвори и ова прашање ќе го разгледаме во […]

(Фото): Инфлација од 4%, економски раст за 3,5%, очекува Народна банка

Кризата на Блискиот Исток притиска, последиците се чувствуваат. Народна банка ги ревидираше проекциите. Годинава економскиот раст ќе биде помал, а инфлацијата речиси двојно повисока од онаа што претходно ја очекуваа монетарните власти. Гувернерот Славески вели дека причината не е во домашната економија, туку во надворешните шокови, пред сè војната на Блискиот Исток, поскапата нафта и глобалната неизвесност. Според него, Македонија како мала и увозно зависна економија, директно ги чувствува последиците од случувањата во светот.

Групацијата ЕОС повторно дел од NPL панелот на Европската комисија – силен придонес на ЕОС Матрикс Македонија во финансискиот сектор

Реизборот има особено значење и за локалниот пазар, каде ЕОС Матрикс Македонија игра клучна улога во развојот и стабилизацијата на секундарниот финансиски пазар

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика

На дијалогот, посочуваат, учествуваше вицегувернерот на Народната банка, Игор Величковски, кој нагласи дека ваквите оценки ја потврдуваат соодветната поставеност на монетарната политика насочена кон одржување на ценовната и стабилноста на девизниот курс во услови на зголемена глобална неизвесност.

To top