Македонија

Златен медал за Давков на Балканската математичка олимпијада во Солун

Штипскиот математички гениј ја продолжи низата успеси по златото на првата Европска математичка олимпијада во Вилнус

Дамјан Давков продолжува да жнее успеси на меѓународните натпреварувања, додавајќи златен медал на 43. Балканска математичка олимпијада, што се одржува од 3 до 8 мај во Солун, на златото што неодамна го освои на првата Европска математичка олимпијада од 23 до 29 април во Вилнус.

Серијата одличја математичкиот гениј од Штип ја отвори со сребрениот медал на Меѓународната математичка олимпијада во 2021 година, на која додаде сребро во 2022, злато во 2023, злато во 2024 и сребро во 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top