Македонија

Почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ

Беше една од препознатливите лица во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика

По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите лица во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика.

Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на дневниот весник „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Работела и во политичките неделници „Форум“, во весникот „Дневник“ и во Радио „Слободна Македонија“.

Дел од тимот на новинската агенција МИА станува во 2014 година како новинар во внатрешно-политичката редакција и новинар-аналитичар.

Со нејзиното заминување, МИА и македонското новинарство загуби посветен професионалец, кој трајно ќе остане запаметен.

„Си замина нашата Ирена. Се боревме година и половина. Тешко, со болка, но и со надеж. Мала, но надеж. На крај, се предаде. Така, има години, месеци и денови кои се баш тешки. Овие се токму такви, напиша на Фејсбук директорот на МИА“, Дарко Јаневски.

МИА изразува сочувство до семејството на нашата Ирена.

Погребот ќе биде утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот (капела во 10:30).

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top