Македонија

(Фото+Видео): Македонија не се спасува со метли за викенд, секој ден треба да е генералка

Македонија се соочува со сериозен и долготраен проблем со отпадот, со над 2.000 диви депонии низ државата и со десетици во околината на Скопје. Стручната јавност и институциите сè почесто предупредуваат дека е недоволен постојниот систем и дека е неопходно воспоставување регионални депонии и современо управување со отпадот. Токму во време на националната акција „Генералка викенд“, која почна денеска во Македонија, повторно се отвора дебатата за итни системски решенија.

Над 2.000 нелегални или диви депонии и уште 50-54 нестандардни општински депонии се евидентирани во Македонија, покажуваат податоците од последниот национален план за управување со отпадот. Станува збор за диви ѓубришта покрај патишта, реки и населени места, нестандардни депонии без соодветна заштита, како и за локации каде што често се пали отпад, што дополнително придонесува за загадување на воздухот.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска се приклучи на големата еколошка акција за чистење на главниот град. Тој порача дека иако службите работат со полн капацитет, одржувањето на хигиената зависи од секој поединец.

  • „Градот денес се чисти повеќе од кога било. Но, Скопје ќе биде уште почисто само ако ние, самите, го чуваме. Затоа, да покажеме дека го сакаме градот убав“, истакна Ѓорѓиевски.

Во акцијата, покрај градоначалникот, учествуваат илјадници граѓани, претставници на јавни институции и невладини организации.

  • „Денес, со неколку илјади волонтери, организации, јавни институции ја започнавме заедничката акција за почиста средина“, информираше првиот човек на градот.

Тој упати благодарност до сите вклучени страни, со посебен акцент на иницијативата „GENERALKA WEEKEND“.

  • „Искрени честитки за одличната организација на GENERALKA WEEKEND и благодарност до сите кои со својата посветеност, труд и одговорност секојдневно придонесуваат за заштита на животната средина и создавање почиста и поздрава иднина за сите граѓани. Да почнеме од себе. Да почнеме за Скопје!“, порача Ѓорѓиевски.

Од Град Скопје порачаа дека чистата животна средина е заедничка одговорност и најавија нови кампањи за подигнување на јавната свест и засилени инспекциски контроли.

  • Само заедно може да се изгради град каков што заслужуваат граѓаните: чист, убав, уреден и достоинствен главен град – порачаа градските власти.

„Генералка викенд“ се организира од 2021 година, како десетгодишна национална иницијатива. Досега во акцијата учествувале повеќе од 100.000 волонтери од сите 81 општина, собрани се над 1,5 милиони килограми отпад, а секоја година се реализираат акции на повеќе од 500 локации во државата.

 

Најнови вести од: Македонија

Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот Кабинет

Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме

Полицијата на пролетен марш: Градиме подготвена, сплотена и уште поблиска полиција до граѓаните, порачува Тошковски

Заедно со директорот на БЈБ, раководството на СВР Велес и колегите од секторот, бев дел од пролетниот марш на подрачјето на Неготино, од месноста Острово до Манастирот „Свети Ѓоргија“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и тимскиот дух во полицијата. Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, […]

Генералка викенд во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци

Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова

Љутков: Работата во националните установи воопшто не е добра, реконструираме повеќе театри

Најзагрижувачка е ситуацијата во Народниот театар во Прилеп:  таму веќе работиме на идејното решение. Таму веќе има проект за реконструкција на Центарот за култура со доградба за театар. Но ако почнеме да го правиме тоа, а театарот е затворен, тогаш вработените ќе ги оставиме на улица. Затоа се решивме, заедно со вработените, целосно да го реконструираме стариот театар „Војдан Чернодрински“-Прилеп, кога ќе го завршиме да продолжиме со реконструкција на Центарот за култура. Тоа е најпрактично решение, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

Мицкоски: Заканите од Османи се дел од фолклорот, што ќе следи! – Законот за правична застапеност е одобрен од Венециската комисија и ќе се усвои наскоро!

Заканите на Бујар Османи ги разоткриваат вистинските намери, одговори денеска премиерот Христијан Мицкоски на барањето да даде коментар за изјавата на Османи дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила.

Најнови вести

To top