Македонија

Генералка викенд во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци

Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова

Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова.

-На 9 мај 2026 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, ќе се реализира големата еко акција „Генералка“ на територијата на Општина Штип, на локација во непосредна близина на Мирјанина црква и патот кон Шашаварлија. Во еко акцијата ќе бидат вклучени припадници на АРМ, вработени во МВР, јавните претпријатија и Локалната самоуправа, приватни општествено одговорни компании, велосипедисти, извидници, како и голем број граѓани и волонтери-рече Шорова-Ангелова.

Градоначалниците на општините Пробиштип, Свети Николе и Карбинци информираа дека еко акцијата денеска е реализирана и кај нив.

 

-Генералка викенд” имаше на повеќе локации низ општина Карбинци. Заеднички со училиштата, општинската администрација и ЈП „Плачковица“ ја реализиравме денешната акција. Собрани се поголеми количини на отпад и расчистени се поголем дел од централните јавни површини. Да бидеме совесни, да не загадуваме-вели Виктор Паунов градоначалник на општина Карбинци.

(Фото+Видео): Македонија не се спасува со метли за викенд, секој ден треба да е генералка

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top