Заедно со директорот на БЈБ, раководството на СВР Велес и колегите од секторот, бев дел од пролетниот марш на подрачјето на Неготино, од месноста Острово до Манастирот „Свети Ѓоргија“, објави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Овие активности ја јакнат сплотеноста, довербата и тимскиот дух во полицијата. Силна полиција се гради со професионалност, физичка подготвеност, ментална стабилност и меѓусебна почит. Благодарност до сите колеги кои беа дел од денешниот марш. Продолжуваме да градиме подготвена, сплотена и уште поблиска полиција до граѓаните“ вели Тошковски.
Во маршот учествуваа и директорот на БЈБ, Александар Јанев и директорот на Финансиската полиција, Слобода Ивановски.
„Заедно со министерот Панче Тошковски, раководството на СВР Велес и колегите од целиот сектор, бевме дел од денешниот, пролетен марш на подрачјето на Неготино, на релација од месноста Острово до манастирот „Св. Ѓорѓија“.
Овој настан не беше само марш, туку и можност за заедништво, непосредна комуникација и искрени разговори со луѓето кои секојдневно се на првата линија во заштитата на безбедноста. Непосредниот контакт со колегите ни овозможува како раководство од прва рака да ги слушнеме нивните предизвици, потреби и идеи, но и уште еднаш да го почувствуваме огромниот придонес што секој поединец го дава за системот, службата и државата. Тимскиот дух, физичката подготвеност и менталното здравје се темел на силна, подготвена и професионална полиција. Токму ваквите активности го зајакнуваат полициското семејство, ја градат меѓусебната доверба и создаваат чувство на припадност, почит и посветеност кон заедничката мисија. Благодарност до сите колеги кои беа дел од ова дружење и активност. Ќе продолжиме да поддржуваме иницијативи кои ја зближуваат полицијата, го јакнат заедништвото и придонесуваат да изградиме уште посилна, поподготвена и поблиска полиција до граѓаните“ објави директорот на БЈБ, Јанев.