Свет

Иран егзекутираше маж обвинет за шпионажа во корист на ЦИА и Мосад

29-годишниот воздухопловен инженер бил уапсен во 2025 година и принуден да даде признание

Иран егзекутираше маж осуден за шпионажа за амриканските и израелските разузнувачки служби, објави иранската судската новинска агенција Мизан, пренесе Ројтерс.

Егзекутираниот маж бил Ерфан Шакурзаде, кој работел за научна организација вклучена во сателитски активности.

Иранските власти велат дека тој доставувал класифицирани научни информации до странски разузнавачки служби.

Иранското друштво за човекови права, група за човекови права со седиште во странство, соопшти дека Шакурзаде бил 29-годишен воздухопловен инженер.

Според организацијата, тој бил уапсен во 2025 година и принуден да даде признание.

 

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

To top