Македонија

Мицкоски: Многу бргу ќе биде пуштен преостаниот дел од автопатот Кичево-Охрид (ВИДЕО)

Инфраструктурното, енергетското и гасното поврзување треба да ја позиционираат Македонија како регионален центар

„Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далноводи, како и гасното – интензивно се гради гасоводот со Грција“ претставува стратешко позиционирање на Македонија и и цел на Владата, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани.

„Почнуваме неделава со објавување на тендерот за гасоводот со Србија, веќе се добиени сите мислења за оваа цевка, а во функција е и нафтоводот од пристаништето Солун до Скопје. Кога ова ќе биде завршено, тогаш можеме да кажеме дека сме регионален хаб“, објави премиерот.

Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува овие проекти и оти очекува дека многу бргу ќе може да биде пуштен преостаниот дел од автопатот Кичево со Охрид, но истовремено и гасоводот со Грција, во првата половина од следната година.

„Сето ова претставува амбициозна агенда, но нашиот фокус е сериозен. Нашата оптика е силно вперена во овие проекти и така ќе продолжиме и во периодот што следи“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Литургија на македонски, бараат Македонците од Грција

Каде што живеат етнички Македонци литургиите да се изведуваат на мајчин македонски јазик и со азбуката на Свети Кирил и Методиј и при крштевки и постхумни спомнувања да се користата традициолани македонски имиња

Апелација одлучува по жалбите за осудените за убиствата на Вања и Панче

Предметот е во второстепена постапка по жалбите поднесени од одбраната и од Основното јавно обвинителство, кое се жали во делот на ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, како и за второто дело на обвинетите

To top