Македонија

Димитриевски: СДСМ осум години наназад е предводен од крајно бугарофилско раководство

Таквата агенда на „државотворната партија“ почна со интеврјуто на Заев за БГНЕС, вели лидерот на ЗНАМ

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, жестоко удри врз поранешните сопартијци од СДСМ по последните критики од нејзиниот претседател Венко Филипче за односите со Бугарија и за одбивањето на власта да впише Бугари во Уставот како услов за откочување на македонската евроинтеграција.

„Со право можам да кажам дека Социјалдемократскиот сојуз, некогашната државотворна партија, во континуитет 8 години наназад е предводен од крајно бугарофилско раководство, кое работи за туѓи, а не за македонски интереси“, изјави Димитриевски во интервју за ТВ Сител.

„Таа агенда започна со политиките на Зоран Заев, со она фамозно интервју на БГНЕС, каде што нè изедначи и во јазикот, и во нацијата. Дополнително, следуваше изјавата на поранешниот претседател на државата Стево Пендаровски, којшто рече дека Гоце Делчев е Бугарин, и на тоа следуваше потпишување на фамозниот Француски договор и целосна капитулација на нашата дипломатија предводена од Димитар Ковачевски, за денеска да го гледате истиот Венко Филипче, којшто во континуитет инсистира на уставни измени, а сето тоа го потврдува на крајот и неговиот член на Централниот одбор, Рубин Земон, којшто вели дека Гоце Делчев нема никаква улога во историјата на Македонија и го минимизира ликот и делото на еден од нашите најголеми револуционери во нашата понова историја“, образложи градоначалникот на Куманово.

Најнови вести од: Македонија

Злоупотребена фотографија од малолетна кавадарчанка со монтирање недолична содржина

Во однос на предметниот настан, пријавено било кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ и од страна на ОВР – Кавадарци до кавадаречкото Основно јавно обвинителство, поднесен бил извештај со преземени мерки и активности за понатамошно постапување

„Онкологија 2“: Одбраната на Васев бара ефикасна постапка, Нухи инсистира на читање сите докази

На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“ адвокатите на двајцата обвинети изразија различни ставови за начинот на изведување на обемните материјални докази

To top