Македонија

Министерката Јаневска најавува законски измени, со кои ќе се казнува родителот на дете со насилно однесување

По инцидентот во основното училиште во Општина Гази Баба, каде што малолетник беше прободен со нож од врсник, министерката за образование, Весна Јаневска побара законски измени за казнување на родителите на децата кои вршат насилство во училиштата. Таа апелираше родителите да покажат поголема грижа кон своите деца, нагласувајќи дека агресивноста не се создава во училиштето, туку децата ја носат однадвор. Јаневска најави враќање на одделенските наставници-воспитувачи и лиценцирање на училишните психолози за поблиска работа со учениците, родителите и наставниците.

Министерката за образование и наука најавува законски измени со кои ќе се предвиди казна за родителите чии деца покажуваат насилно однесување во училиште. Вели дека се разговара со пратениците околу овие измени. – Во моментот разговараме со пратениците да се формулира таа измена во законот, изјави денеска Јаневска на прес-конференција.

По последниот случај во кој е повреден 15-годишен ученик со нож во основно училиште во Чаир, министерката со апел до родителите да посветат внимание на децата.

– Ладното оружје децата не го наоѓаат во училиште, го наоѓаат надвор. Оттука, неопходна е соработка со сите сектори кои се засегнати, но ги повикувам и молам родителите да посветат внимание на своите деца. Целата држава што и да направи, ако не се вклучат родителите, не може да постигнеме успех, порачува Јаневска

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

To top