Македонија

Мицкоски: Раководството на СДСМ нека продолжи да коленичи кај што коленичи, а ние сме насочени на многу посуштинското – реформите, одошто „Бугари во Устав“’!

Реформите не се само промени на Уставот. Ние сме фокусирани на суштинските работи – истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за исполнувањето на реформската агенда по посетата на општина Кичево.

Премиерот вели дека се оптимисти за испорачување на сите од десетте точки во реформската агенда. – Имавме состанок со Герт Јан Копман, кој во рамките на Европската комисија тоа го турка. Сите сме оптимисти дека од оние десет можеме девет и пол да реализираме, а може и десет, дословно така заклучивме, кои се во грејс-период – изјави Мицкоски.

Еден или два чекори, според него, зависат од учеството на опозицијата во нив, т.е. еден во овој грејс-период, а тоа е Изборниот законик.

– Се надевам дека таму разумот ќе преовладее, дека ќе се вратат во работната група и ќе го усвоиме сите заедно овој реформски закон. Затоа што реформите не се само промени на Уставот. Јас го разбирам ова меко ткиво на македонскиот идентитет во СДСМ, кое во моментот е раководство на СДСМ, и дека најлесно им е да коленичат наместо да работат. Но, реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот, туку има уште многу посуштински работи што треба да ги завршиме. Е ние сме фокусирани на суштинските работи, а тие нека коленичат онаму каде што коленичат – рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. –Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас […]

Поповска: Уставниот суд мора да го поништи Вториот протокол, оти ни наложува преку „Бугари во Устав“ бугаризација и себеукинување како народ и држава со идентитет, континуитет и историја!

„Вториот протокол ни наложува бугаризација на Македонците и себеукинување како народ и држава со свој идентитет, континуитет и историја. А бугаризацијата треба да започне со навидум, безопасно внесување на Бугарите во Уставот и усогласување на целото важечко законодавство со измените. Вистински преседан е, еден подзаконски акт, па уште и незаконски донесен и правно невалиден, да наметнува измена на преамбулата на Уставот и на целото важечко законодавство. Со сево ова, протоколот задира во темелните вредности на нашиот уставен поредок. Протоколот е непремостлива пречка за евроинтеграцијата, со оглед на апсурдноста на обврските и невозможноста тие да бидат исполнети од страна на Македонија како самостојна и суверена држава. Важно е да се утврди официјално ништовноста на документот и неговата неодржливост како елемент во преговарачката рамка и во придружните документи. “ – нагласува Лилјана Поповска во својата колумна со наслов „Протоколот е отров, неговото уставно поништување – противотров“, која ја објави „Плус инфо“.

Galaxy S26 – телефон кој ги презема задачите за кои досега ви беше потребен лаптоп

Работниот ден одамна се пресели од канцеларијата во движење, каде што телефонот сè почесто станува првата алатка за е-пошта, белешки, измени и брзи одлуки.
Затоа се менува и неговата улога: од екран за проверка на информации до алатка за конкретна работа.

(Фото): Емина Јаховиќ направи спектакл во Скопје – прошета низ цела сала и се поклони на публиката

Кулминација на концертот беше кога почна да раскажува анегдота како ја добила песната „Дал она зна“, а публиката почна да пее на цел глас на првите отсвирени ноти, дури и пред самата Емина да запее.

Тошковски за моторџиите, кои лудуваат на едно тркало: Ќе ги изгориме! Ќе останат и без мотори и без можноста да глумат моторџии!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави засилени контроли и строги мерки против моторџии кои, како што рече, дивеат низ градовите и не ги почитуваат сообраќајните правила. Тој направи разлика меѓу, како што ги нарече, „вистински моторџии“ и оние кои „глумат моторџии“.

ЗНАМ: Дали СДСМ не ги застапува македонските национални интереси и води бугарољубиви политики, затоа што Филипче и Заев имаат фирми во Петрич, во Бугарија?!

Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8 Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со недвижности? Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК 204619751, исто така регистрирана во Петрич? Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви? Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?! Раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и погледи! – реагира партијата ЗНАМ преку својот Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ.

Најнови вести

To top