Македонија

За Мицковски, просто е неверојатно дека Филипче не чул оти Бугарија го негира македонскиот идентитет

„Чудим“ од аналитичарот и ексфункционер на СДСМ од правењето глув при уши на лидерот на неговата некогашна партија

Аналитичарот и поранешен функционер во СДСМ, Ивор Мицковски, не може да му се изначуди на лидерот на неговата поранешна партија Венко Филипче дека не чул(е) оти Бугарија го негира македонскиот идентитет.

Прочитајте го убаво овој одличен текст и прочитајте му на Филипче, за да разберете со што се соочува Македонија со Бугарија и дека уставните измени не се единствениот услов. Венко Филипче изјави: ‘Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет’. Тоа би било помалку зачудувачко кога бугарските позиции навистина би биле нејасни, имплицитни или дипломатски прикриени. Но, тие со години се експлицитно формулирани во официјални државни документи, парламентарни декларации и позиции формално доставени до Европската Унија. Не станува збор за изјави кои треба да се толкуваат, да се бараат меѓу редови или да се извлекуваат од дипломатски разговори. Тие се јавно достапни, писмено фиксирани и институционално обврзувачки. Оттука, просто е неверојатно да се тврди дека нешто не е кажано кога тоа со години континуирано се повторува на најформален можен начин“, констатира Мицковски во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top