Македонија

Нешто смрди во одлуката за случајот вреден 160 милиони евра на Обвинителството на Ислам Абази

Укажува на можна корупција и евентуална поделба на 160 милиони евра од повеќе инволвирани луѓе

Двојни стандарди и чудни одлуки на обвинителството за органиизран криминал раководено од обвинителот близок на ДУИ Ислам Абази.

Чудното однесување го анализира адвокатот Јанаки Митровски кој забележува различно однесување на ОЈО ГОК во различни случаи.

Митровски потсетува дека при апсењето ОЈО ГОК барало притвор за осомничените во случајот Мазут вреден 160 милиони евра без да утврди штета а за 350 илјади евра најдени во ѕидот на домот на судијата Ристов се вара домашен притвор.

,,Кога се уапси Апелационен судија со 350.000 евра, ОЈО ГОК барале куќен притвор. Внимавајте, не судот да му определи, туку Организиран бара да си седи година дена дома.

Ќе го суди скопскиот Кривичен суд, ОЈО ГОК не бара изземање на судот и определување на друг суд бидејки 80% од судиите му биле колеги, не, ОЈО ГОК верува во непристрасноста на судот.

Истовремено ОЈО ГОК затвора притворска истрага од 160 МИЛИОНИ ЕВРА бидејки претставниците на ЕСМ кажале дека нема штета. И ОЈО ГОК им верува. Јас па мислев ќе дадат наредба за вештачење за да се утврди штета?

Како тогаш утврдиле минимум основано сомнение за да одат на апс и да бараат притвори?

Не ги потпрашаа оштетените прво, да каже нема штета и да не се малтертираат луѓето”, пишува Митровски кој со постот укажува на можна корупција и евентуална поделба на 160 милиони евра од повеќе инволвирани луѓе.

,,Е кога се апсат јајари, обични смртници, тогаш ОЈО ГОК тренира строгоќа. Бара и добива притвор со смрт, не прифаќа гаранции, судот си ги копи пејстира нивните образложенија.

Речиси НИТУ ЕДНО притворско решение од одделот на претходна постапка не е укинато без согласност на ОЈО ГОК и тоа е СРАМОТА!!! Чуму ни треба суд тогаш, нека бидат judge, jury and executioner!!!
За Претседателот на гостиварскиот суд фатен со осум бона мито ни куќен притвор не бараа. Му земаа пасош и толку. Кои цареви”, пишува Митровски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Летово најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат подготвени за брз одговор

Артан Демири од Доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ од Чаир рече дека располагаат со повеќе возила и можат да помогнат при пожари и други елементарни непогоди, додека претседателот на Доброволното противпожарно друштво од Кочани, Златко Илиев, посочи дека најголем проблем претставуваат финансирањето, набавката на опрема и високите давачки за увоз на возила.

Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс

Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков.

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот закон

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Ако биде постигната согласност во Парламентот за Изборниот закон, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за Македонија во контекст на реформските процеси.

To top