Хроника

Обид за разбојништво во канцеларија за кредити во Битола, извршителот лишен од слобода

Битолчанец не успеал во обидот за грабеж со закана со огнено оружје и се дал во бегство, но рано утрово бил приведен

Секретаријатот за внатрешни работи Битола до битолското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од градот на конзулите поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.

Полициски службеници рано утрово во 1 часот го лишиле од слобода извршителот, во чиј дом при извршен претрес со наредба од Основен суд Битола бил пронајден и одземен пиштол.

Тој на 30 април во 18:10 ч. во канцеларија за кредитирање на ул. „Столарска“ во Битола се обидел да изврши разбојништво со закана со огнено оружје, но не успеал и се дал во бегство, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

За криминалната афера „Возачки дозволи“ МВР поднесе кривични пријави за 27 лица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против 27 лица, меѓу кои и една вработена во Министерството за внатрешни работи, поради постоење основи на сомнение за повеќе кривични дела поврзани со незаконско внесување категории во возачки дозволи, нивно издавање и употреба.

Двајца подметнувачи на пожари снимени како ги палат дуќаните во Шутка (Видео)

Пожарот, во кој изгореа над 20 дуќани во скопската населба Шуто Оризари, е подметнат. Тоа го потврдуваат видеоснимките од надзорните камери, до кои дошла информативната агенција „Рома Прес“.

Злоупотреби со издавањето возачки дозволи – се бара притвор за тројца осомничени, поведена постапка за 27

Една од осомничените е вработена во МВР која се сомничи дека користејќи ја својата службена шифра и службените овластувања во електронскиот систем, незаконски менувала претходно креирани барања за издавање возачки дозволи од други вработени

Вреди: Случајот Ласкарци е симбол на неуспехот на судството, кое мора да се реформира од корен!

Седум години по трагедијата кај Ласкарци, семејствата на 16-те жртви сè уште ја чекаат правдата. Укинувањето на пресудата на Апелациониот суд и враќањето на предметот на повторно судење повторно отвораат простор за ново одолговлекување на процесот, порачаа денеска од ВРЕДИ.

To top