Хроника

Тешко повредена жена во судир на два електрични тротинета во Скопје

Скопјанката се судрила со малолетник на тротинет на велосипедската патека на кејот на реката Вардар

Несекојдневна сообраќајна незгода се случила вчера во Скопје, од кој подебелиот крај го извлекла жена на возраст од 62 години по судир на два електрични тротинета во Скопје.

Со другиот тротинет управувал 12-годишен мамолетник, кој поминал „само“ со телесни повреди констатирани во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Настанот бил пријавен вчераутро во 8 часот, по што бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Условна казна затвор од една година за поранешната претседателка на ДКСК Татјана Димитровска, поради оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја објави пресудата во предметот против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска, изрекувајќи ѝ единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела одавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Пијан гостиварец „успеал“ вчера да биде уапсен двапати – првин поради ѓурултија на „Галичката свадба“, а потоа и во Гостивар!

Гостиварец вчера двапати бил уапсен пијан. Првпат претпладнето во Галичник, поради агресивно однесување на манифестацијата Галичка свадба, а потоа синоќа во Гостивар, поради нарушување на јавниот ред и ред, во пијана состојба.

To top