Експратеникот Илија Димовски го коментира јавното аргументирање од поранешните министри за надворешни работи Бујар Османи и Никола Димитров за тоа кој од двата протокола со Бугарија бил подобар/полош од другиот.
„Османи и Димитров во епска битка за тоа чиј потпис бил попогубен за Македонија. Класичен театар на апсурдот: двајца соучесници во ист процес се караат кој подобро ја завршил ‘работата’“, констатира Димовски на Икс.