Македонија

Експресен пат Кочани-Виница-Делчево најави премиерот

Со години ветуваниот инфраструктурен проект влегува во фаза на изработка на физибилити студија и претпроектно решение

Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности за реализација на одамна ветуваниот експресен пат Кочани–Виница–Делчево.

„Следната недела ќе биде распишан јавен повик за изработка на физибилити студија на претпроектно решение, со што практично отпочнуваме со реализација на овој проект. Тоа е процес од неколку месеци, а потоа со средства од буџетот и во соработка со меѓународни финансиски институции ќе биде објавен тендер за реализација на овој проект, којшто ќе биде многу значен, којшто е ветуван со години, но еве дојде ред да се реализира“, изјави претседателот на Владата.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова се сретна со првиот човек на „Браќа Манаки“ и претседателката на Друштвото на филмски работници

Посебен печат на 47. издание му дава присуството на славни имиња од светската кинематографија, меѓу кои и Дан Лаустсен, добитник на „Златна камера 300“ за животно дело и Џеф Кроненвет, кому му се доделува специјалната „Златна камера 300“, за особен придонес во филмската уметност

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

To top