Македонија

Исчезнаа тројца работници од Бангладеш од тетовска фирма

Кога газдата отишол да ги земе за да ги однесе на нивните работни места, видел дека тие заминале без да известат

 

На 16.05.2026 година во 12:20 часот во Полициската станица Тетово, Б.Р. од село Доброшт пријавил дека три лица – државјани на Бангладеш, заминале во непознат правец.

А.С., А.М. и С.П. биле вработени во приватна фирма во Тетово и имале редовно живеалиште.

Според Б.Р., истиот ден кога отишол да ги земе за да ги испрати на нивните работни места, видел дека тие заминале без да ги извести раководителите на компанијата.

Најнови вести од: Македонија

Македонскиот началник на Генералштабот на состанок на највисокото воено тело на НАТО

Од Армијата соопштија дека учеството на генерал-мајор Лафчиски на овој состанок претставува потврда за активниот придонес на македонската Армија и на Република Северна Македонија во колективната безбедност на Алијансата, регионалната стабилност и заедничките политики и активности на НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Мазут“ ги извади на површина врските на СДСМ и ДУИ со обвинитетелскиот систем

„Кадрите поставени и унапредени во професионалната кариера лично од Зоран Заев и Али Ахмети, по потреба се активираат и одработуваат за да ги спасат од кривична одговорност луѓето од и блиски до СДС и ДУИ“ велат од владејачката партија

To top