Македонија

Валентин Манасиевски е нов портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој својот партиски активизам го започнал во структурите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешнаата седница донесе повеќе кадровски решенија за претседатели на општинските комитети на партијата, а за нов портпарол е избран Валентин Манасиевски.

Манасиевски е долгогодишен активист на ВМРО-ДПМНЕ, кој својот партиски активизам го започнал во структурите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Има завршено високо образование на Филозофскиот факултет при УКИМ, а моментално е мастер студии на УГД во Штип.

ВМРО-ДПМНЕ со овие кадровски решенија ја гради иднината на државата, како на локално, така и на централно ниво, соопштија од партијата

Новите претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ се:

ИЕ 1

1. ОК Карпош – Тони Јаревски

2. ОК Кисела Вода – Иван Живковски

3. ОК Македонски Брод – Бисера Златеска

4. ОК Аеродром – Дејан Митески

5. ОК Центар – Сергеј Попов

6. ОК Сопиште – Јане Мицевски

7. ОК Студеничани – Кенан Абди

8. ОК Сарај – Мартин Стојановски

ИЕ 2

1. ОК Чаир – Ѓоко Велковски

2. ОК Бутел – Дарко Костовски

3. ОК Чучер Сандево – Зоран Бајовски

4. ОК Гази Баба – Зоран Коцевски

5. ОК Куманово – Филип Филиповски

6. ОК Старо Нагоричане – Ивица Димковски

7. ОК Ѓорче Петров – Бојан Стојаноски

8. ОК Шуто Оризари – Ерџан Демир

ИЕ 3

1. ОК Зелениково – Дејан Димишковски

2. ОК Зрновци – Виктор Анакиев

3. ОК Чешиново Облешево – Славе Донев

4. ОК Илинден – Александар Ѓорѓиевски

5. ОК Петровец – Драгана Узелац

6. ОК Велес – Игор Здравковски

7. ОК Чашка – Трајче Мишкоски

8. ОК Градско – Александар Ѓорѓиевски

9. ОК Лозово – Стојан Пешевки

10. ОК Свети Николе – Бојан Митев

11. ОК Штип – Душко Иванов

12. ОК Карбинци – Гордана Барбашка

13. ОК Кочани – Александар Андов

14. ОК Виница – Александар Јованов

15. ОК Македонска Каменица – Љупчо Марков

16. ОК Делчево – Иван Гоцевски

17. ОК Пехчево – Миле Гошевски

18. ОК Берово – Столе Каракутовски

19. ОК Крива Паланка – Емил Спасовски

20. ОК Ранковце – Даниел Павловски

21. ОК Кратово – Љупчо Спиров

22. ОК Пробиштип – Тони Тоневски

ИЕ 6

1. ОК Тетово – Александар Велјановски

2. ОК Гостивар – Мартин Андоновски

3. ОК Теарце – Радица Ѓорѓевска

4. ОК Брвеница – Јовица Илиевски

5. ОК Јегуновце – Димитар Костадиновски

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top