Бизнис

Крај на евтиниот одмор: Колку чини една ноќ во Охрид, Струга и Дојран

Охрид, Струга и Дојран и ова лето остануваат меѓу најбараните домашни туристички дестинации, но цените за сместување јасно покажуваат дека одморот во Македонија веќе не е толку достапен како порано.

Охрид, Струга и Дојран и ова лето остануваат меѓу најбараните домашни туристички дестинации, но цените за сместување јасно покажуваат дека одморот во Македонија веќе не е толку достапен како порано.

Проверка на понудите на Booking и Airbnb за почетокот на јуни открива дека една ноќ за две лица може да чини од околу 1.500 денари па сè до над 13.000 денари, без да се пресметаат дополнителните трошоци за превоз, храна, паркинг или лежалки.

Анализата опфаќа различни видови сместување – од приватни апартмани до хотели – во трите најпосетувани летни дестинации. Цените значително варираат во зависност од локацијата, близината до езерото, квалитетот на сместувањето и дополнителните услуги.

Според податоците од Booking, Охрид останува најскапата дестинација, со цени што се движат од околу 1.600 до 6.000 денари за една ноќ за две лица, додека просечната цена се наоѓа околу 3.800 денари. Во Дојран цените се движат од 1.500 до 4.500 денари, а во Струга од 2.000 до 4.000 денари.

На Airbnb распонот е уште поголем. Во Охрид и Струга има понуди од околу 1.470 денари па сè до над 13.100 денари за една ноќ, додека во Дојран цените достигнуваат до околу 7.860 денари.

За споредба, просечната нето-плата во февруари 2026 година изнесувала 46.159 денари, а минималната плата од март е 26.046 денари. Само една ноќ во Охрид со просечна цена од 3.800 денари претставува околу 15 отсто од минималната плата, без другите трошоци.

Дополнителен притисок врз цените создава и растот на туризмот. Во првите три месеци од 2026 година, бројот на туристи во земјава се зголемил за 5,2 проценти во однос на лани, а бројот на странски туристи за 6,9 проценти.

Иако домашниот туризам и понатаму останува практично решение за кратки летни патувања поради близината, цените ова лето покажуваат дека одморот во Македонија веќе бара внимателно планирање и финансиска пресметка. Домашните дестинации сè потешко можат да се сметаат за навистина евтина опција.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top