Македонија

Георгиевски: „Северномакедонец“ и „северномакедонски“ е омаловажување и навреда

Експремиерот вторпат во два дена реагира за леснотијата со која политичари во Бугарија ги „северничат“ Македонија и Македонците

Некогашниот премиер Љупчо Георгиевски вторпат во два дена реагира за „северничењето“ на Македонија и на Македонците во Бугарија.

Реакциите кои ги добив за последниот коментар за името само ја потврдија тезата дека во бугарската јавност постојат сериозен број политички активни луѓе кои многу лесно ги употребуваат имињата ‘Северномакедонец’ и ‘северномакедонски’. Што е однос на омаловажување и навреда.

1. Бугарската официјална политика тврди дека проблемот е само во историјата и ја признава сегашноста. Очигледно, со ваква терминологија, има проблеми со сегашноста. До ветото скоро сите бугарски претседатели и премиери без проблем употребуваа ‘македонски народ’, па и ‘братјата Македонци’?!
2. Проблемот на името и формата на неговата употреба Македонија и Грција го преговараа триесет години, Бугарија сама се исклучи од тие разговори.
3. Со меѓународниот Преспански договор, Грција го доби името Македонија, ние Северна Македонија и правото на придавката ‘македонски’ не во граматичка, туку во политичка смисла. Бугарија и тука ја немаше.
4. Ако целиот гнев на Македонците за името е кон Грција, кој ја тера Бугарија сега да биде адвокат на Грција и да го презема тој гнев на себе.
5. Бугарија за цело време демонстрира двоен стандард за името, историјата и човековите права спрема Грција и Македонија.
6. Меѓу двете држави има доволно стари проблеми за некој да измислува нови“, коментира на Фејсбук лидерот на ВМРО-Народна.

Најнови вести од: Македонија

Обвинение против газдата Трифун Костовски, син му и соработниците за стечајот на Еуростандард банка

Со одобрување кредити на кредитно неспособни и поврзани правни лица, без соодветни анализи и обезбедување, со прикривање на реалната финансиска состојба и ризиците, како и со неточно известување до Народната банка, пријавените придонеле банката да биде доведена во стечај, а доверителите да бидат оштетени во износ од 1.662.417.664 денари, или околу 27 милиони евра.

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста – објави претседателката.

To top