Бизнис

Знае ли Филипче кој и зошто (не) лета до Скопје пред да обвинува?

Лидерот на СДСМ удри по власта поради повлекувањето на „Луфтханза“ и „Рајанер“ (?), кој никогаш не летал до и од Македонија

Меѓу лавината критики на адреса на власта лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се истакна и со (не)познавањето на состојбите во авиосообраќајот.

„По ‘Рајанер’, сега се повлекува и ‘Луфтханза’. Изолацијата оди одлично! Со оглед на тоа дека Мицкоски и Тимчо’обезбедија’ граѓаните ова лето да чекаат по 10 часа на граница, сега го губиме и авиосообраќајот – не џабе Мицкоски рече ‘летувајте дома’“, напиша тој на Икс.

Пред два дена вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ побарала 2,5 пати повисока субвенција за да лета до и од Македонија, а неодамна ги затвори своите бази на аеродромите во Виена и во Солун и во моментов е компанија со најмногу откажани летови. Така што „Рајанер“ не се повлекол од Македонија, од проста причина што никогаш не ни влегол на македонскиот авиопазар?!

„Луфтханза“, пак, по три години нема да лета од Франкфурт до Скопје и обратно како дел од планот за кратење на над 20.000 летови до октомври поради превисоките цени на керозинот како последица на војната на Блискиот Исток.

Најнови вести од: Бизнис

Синдикатите и ТИТАН Усје ја зајакнуваат соработката за дополнително унапредување на условите за работа

Во рамки на средбата беа презентирани политиките и мерките што ТИТАН Усје континуирано ги спроведува за унапредување на правата и економската сигурност на вработените, преку соодветни надоместоци и дополнителни придобивки

Две финансиски друштва цел месец дена не смеат да издаваат кредити, изречени и глоби

Министерството за финансии спроведе вонреден надзор над работењето на финансиските друштва и изрече привремена забрана за одобрување кредити во времетраење од 30 дена и глоба согласно законските прописи на две финансиски друштва.

Се проширува пристапот до парите на клиентите на „АЛТА банка“ – фирмите можат неограничено да ги користат

И физичките лица можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во АЛТА банка АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги.

Вештачката интелигенција отвора можности за раст на продуктивноста во регионот, рече Вицегувернерката Митреска

Приоритет за регионот треба да биде поддршката за малите и средните претпријатија, развојот на дигиталните вештини и инвестициите во инфраструктурата, со цел придобивките од вештачката интелигенција да се преточат во повисока продуктивност и побрзо економско приближување кон ЕУ.

Фирмите можат во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки 

Доколку средствата се пренесени од платежни сметки на клиенти отворени кај други банки и даватели на платежни услуги фирмите ќе можат без ограничување на износот да ги користат дополнително примените средства врз оваа основа, соопшти Народната банка

To top