Незадоволството и поплаките од ВРЕДИ и од ВМРО-ДПМНЕ му го кратат мандатот на амбасадорот на Албанија во Скопје, Денион Мејдани, тврди албанската телевизија А2.
„Денион Мејдани повеќе нема да биде амбасадор на Албанија во Република Северна Македонија. Извори од Скопје и од Министерството за надворешни работи информираат за А2 Си-Ен-Ен дека Мејдани предвреме ќе ја заврши својата функција во Скопје. Неофицијално, се вели дека причините за потегот се поплаките и незадоволството на коалицијата ВЛЕН и ВМРО од албанскиот дипломат за неговите ставови во дебатите и дискусиите што ја вклучија и македонската политика и кои се поврзани со незадоволството на Албанците за различни прашања, од кои последното е за албанскиот јазик“, објави А2.
Мејдани може да биде назначен за амбасадор во Косово, но тоа сè уште не е официјално потврдено, додава телевизијата од Тирана, ексклузивен партнер на Си-Ен-Ен за Албанија и за Косово, во написот на својата вебстраница насловен „Тој застана на страната на албанските студенти: Ферит Хоџа (министер за надворешни работи на Албанија – н.з.) се подготвува да го отстрани Мејдани од амбасадорската функција“.