Македонија

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

„Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“

Ефикасен систем за управување со отпад согласно стандардите и регулативата на Европската унија која е пресликана и во националното законодавство е возможно само преку воспоставување на одржлив регионален систем за управување со отпад. Овој систем ќе овозможи решавање на проблемите со отпадот, ќе овозможи негов соодветен третман, селекција, рециклирање и одлагање, со што ќе се отворат можности за развој базирани на кружна економија.

Во ЕУ овој систем креира околу 500.000 нови работни места на годишно ниво. Ова се клучните пораки од панел дискусијата „Воспоставување на регионален систем за управување со отпад како основа за циркуларна економија“, која се одржа денеска во организација на Македонската асоцијација за управување со цврст отпад.

Пред присутните се обрати и министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа.

„Посветено работиме на промени на системот за регионално упорствување со отпад, а како и за секоја темелна реформа, е потребна поширока акција од сите вклучени страни. Отпадот во земјата веќе предолго е отворено прашање, кое мора да добие одржливи решенија. Во светот сите развиени земји се стремат да ги намалат количините на отпад преку селектирање и рециклирање. Нашата национална цел е да се намалат количините на отпад и да се ограничи депонирањето на максимум 65% од комуналниот отпад до 2034 година“, нагласи Хоџа.

Македонската асоцијација за управување со цврст отпад – МАСВА, во која членуваат компании од оваа индустрија и експерти, апелира дека само преку интензивна соработка помеѓу сите чинители, може да се направи конкретен исчекор во процесот.

Претседателот на МАСВА Михаил Матески истакна:

„Создавањето на одржлив систем за управување со отпад, преку селекција, рециклирање и ко процесирање бара интензивни инвестиции и тесна соработка. Системи за селекција, рециклирање и третман на отпад и примена на стандардите на Европската унија во оваа област, имаат докажани позитивни ефекти за заедницата. Кај нас состојбите се алармантни и мораме да го зајакнеме стручниот пристап и ангажман на сите засегнати страни за да го забрзаме овој процес кој е веќе започнат. Одговорност од сите вклучени страни е неопходна, а немање конкретни активности веќе не е опција. Функционален регионален пристап за одржливо постапување со отпадот ни е потребен час поскоро“.

На панел дискусијата говореа Филип Иванов, експерт за животна средина и член на МАСВА, м-р Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за управување со отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање, проф. д-р Алекнсадар Димитров од Технолошко металуршкиот факултет при УКИМ, како и Фатмир Ејуп, генерален директор на Алпак Еко Скопје.

Гостин на панел дискусијата беше и проф. д-р Александра Аниќ Вуќиниќ, претседател на Хрватската асоцијација за управување со отпад – ХУГО. Новите трендови и технологии во областа, како и побрза примена на постоечките модели во земјата беа во фокусот на панел дискусијата. Според официјалните податоци, во земјава речиси 99.8% од собраниот комунален отпад завршува на депонии, принцип кој одамна е напуштен во Европската унија.

Таму, наместо депонирање, се применува селекција, рециклирање и компостирање, односно преработка на оној дел од отпадот кој не може повторно да се употреби, со што значително се намалуваат количините на депониран отпад. Структурата и количините на отпадот во земјава покажуваат дека потенцијалот за рециклирање, компостирање и копроцесуирање е значителен, но не се реализира поради недостиг од селекција, инфраструктура и системска поддршка.

Дел од панел дискусијата беше и селектирањето и рециклирањето на отпадот во земјата. Иако има напредок во овој сегмент, не целосно воспоставениот систем за управување со отпад генерира одредени аномалии. Имено, за да се постигнат поголеми видливи ефекти, потребна е проактивна улога од сите чинители. Покрај соодветната селекција и рециклирање, на трибината беше истакнато дека ко процесирањето не е само препорачан метод за отпадот што не може да се рециклира, туку е и можност за добивање на алтернативно гориво, што во услови на глобална енергетска нестабилност е од големо значење за нашата земја.

Овој метод користи делови од отпадот за добивање на алтернативни горива, процес кој докажано претставува современа, безбедна и еколошки одржлива технологија која со децении се применува во развиените индустриски земји и во Европската Унија. Во дел од овие земји, употребата на алтернативните горива, особено во цементната индустрија надминува 90% од вкупните енергетски потреби. Во голем број развиени земји, цементарниците се и законски обврзани да користат алтернативни горива. Причините за тоа се строго контролираниот процес на производство на цемент, при екстремно високи температури – пламен до 2000°C и материјал над 1450°C.

Националниот план за управување со отпад и циркуларната економија, предвидува дека од отпадот што нема да се депонира, приближно 25% мора да се третира како R1 – гориво за енергетска употреба, што е потврдено и во документите на UNECE за националната политика на отпад. Според податоци на Државниот завод за статистика, во 2024 година биле генерирани 790.866 тони комунален отпад.

Годишното количество по жител изнесувало 438 кг. Од вкупно генерираните количини, 637.471 тони биле собирани од јавните комунални претпријатија, додека останатиот дел завршил на нестандардни депонии. МАСВА е единствена асоцијација во која членуваат над 40 компании, организации и индивидуални експерти кои работат во насока на развој на кружната економија и одржливото управување

Најнови вести од: Македонија

Милошоски: Потребна е искрена и остварлива европска понуда за проширувањето

Во Скопје се одржа панел-дискусија на тема „Од визија до геополитички одговор: Проширувањето на ЕУ во новата геополитичка реалност“, организирана од Вилфред Мартенс центарот и Фондацијата Конрад Аденауер, по повод Денот на Европа 2026 година. На конференцијата со наслов „Седум децении подоцна: Од визијата на Шуман до новите геополитички предизвици на Европа“ поздравно обраќање имаше политичкиот врв.

Гаши: Во трка сме со времето во однос на членството со Европската унија

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на трибина организирана од Европското движење, порача дека сме во трка со времето околу членството во ЕУ и се плаши – дека ќе го изгубиме. Според Гаши, нема никаква корист од изнаоѓање виновници околу блокадата на евроинтеграцијата и тој преферира да најдеме пат, т.е. решение и да стигнеме до целта.

Муцунски: Европските пари и се и повеќе од потрребни на Македонија

Планот предвидува интеграција на партнерите во Единствениот европски пазар, унапредување на регионалната економска соработка, забрзување на реформите поврзани со европските стандарди и зголемување на претпристапната финансиска поддршка. Според Европската Унија, ова треба да придонесе за побрз процес на проширување и економски раст во регионот.

Нова шанса за Македонија: Маѓар и Туск предлагаат „Вишеградската група“ да се прошири со земјите од Западниот Балкан, кои не се уште дел на ЕУ!

Премиерите на Унгарија и Полска предлагаат „нова оска за Европа“ – „Вишеградската група“ плус Западниот Балкан, оние држави, кои уште не се во ЕУ, што е нова шанса за македонската евроинтеграција, бидејќи Македонија токму од „Вишеградската група“ добива најмногу вистинска поддршка не само за влегувањето во „евроклубот“, туку и поддршка, која се спротивставува на „добрососедските“ условувања и уценувања за идентитетско-историски отстапки! Новиот премиер на Унгарија заедно со премиерот на Полска најавија дека ќе дејствуваат како „една тупаница“ во Европската Унија. 

To top