Македонија

За нештата да се разјаснат: Мицкоски најави средба со Арбен Фетаи

Премиерот во април изјави дека Фетаи лично му кажал дека во иднина веќе не се гледа во владата и дека планира да се врати во Брисел, каде што има и претходно професионално искуство

 

Следната недела премиерот Христијан Мицкоски ќе се сретне на состанок со вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, по кој, како што најави, ќе бидат појасни повеќе работи околу неговото учество во Владата.

„Вицепремиерот Арбен Фетаи, следната недела имаме јас и тој заеднички состанок. По тој состанок многу работи ќе бидат појасни. Инаку, официјално тој е потпретседател на Владата задолжен за добро владеење“, рече премиерот вчера одговарајќи на новинарски прашања

Повод за најавениот состанок е фактот што високиот функционер во Владата, вицепоремиерот Фетаи веќе подолг период не се појавува на работа, а според информации од изминатиот период, последните негови јавни активности како носител на функцијата датираат од март.

Тој не присуствувал ниту на седницата за пратенички прашања на 18 мај,

И покрај претходните најави дека ќе биде присутен на седница за пратенички прашањња во Собранието, тпј не се појави на седницата на 18 мај.

На прашањата до Владата дали Фетаи зема плата, некои медиуми објавија дека им било посочено одговор за тоа да побараат од  Мистерството за финансии.

Мицкоски во април изјави дека Фетаи лично му пренел оти во иднина веќе не се гледа во владата што тој ја предводи и оти планира да се врати во Брисел, каде што има и претходно професионално искуство.

Министерот за здравство, Азир Алиу , претходно јавно откри дека неговиот колега во владата и сопартиец во ВРЕДИ во последниот период не доаѓа на владините седници.

Арбен Фетаи на прошетка во Тајланд

Најнови вести од: Македонија

To top