Македонија

Пренџов: Дали тие што обвинуваа, сега ќе се извинат?

Денес е ден кога секој што ја потценуваше државата треба да признае дека Македонија знае, може и заслужува.

ЕУ одобри, а Македонија добива 65,7 милиони евра од Европската комисија во рамки на Инструментот за реформи и раст, по позитивната оцена за спроведените реформи во образованието и дигитализацијата.

Средствата се одобрени по третото барање за исплата, при што Брисел ги оценил мерките за подобрување на финансирањето на основното и средното образование, како и за проширување на пристапот до дигитална инфраструктура и ИТ-опрема во училиштата.

По ова на социјалните мрежи се огласи пратеникот Љупшчо Пренџов.

П.С Сега останува уште едно прашање: Дали тие што најгласно обвинуваа, ќе имаат доблест јавно да се извинат? Праша пратеникот Пренџов.

 

Најнови вести од: Македонија

To top