Македонија

Николоски најави авиолинии до пет нови дестинации за ова лето

Државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати услови кои, би биле на штета на другите превозници и државните интереси

И покрај глобалната криза во авиоиндустријата, Македонија продолжува со отворање нови авиолинии, вели вицепремиерот и министер за транспорт

Иако не бил постигнат договор со Ryanair, Николоски  истакна дека државата останува отворена за соработка со сите авиокомпании, но нема да прифати услови кои, според него, би биле на штета на другите превозници и државните интереси.

„Даваме субвенција од 9 евра за секој странски патник на скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот. Ако сакаат да учествуваат, вратата е отворена. Но, не можеме да прифатиме уцени“, рече Николоски.

Тој најави пет нови авиодестинации ова лето. Austrian Airlines ќе воведе директна линија Виена–Охрид, а во јуни ќе започнат и летови од Краков и Вроцлав до Охрид. Од скопскиот аеродром ќе се воспостават и летови кон Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија.

Николоски додаде дека Wizz Air ќе стационира седми авион на скопскиот аеродром, а компанијата размислува и за отворање база во Охрид.

Во однос на снабдувањето со керозин, министерот изјави дека државата располага со резерви над законскиот минимум и дека дел од регионалните аеродроми се снабдуваат токму од Македонија. објави Скопје1.мк

 

Најнови вести од: Македонија

Успех на „Тиквеш“ во Лондон: Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ и нови меѓународни признанија

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот.

To top