Македонија

Бујар Ахмети против чичкото Али?

Бујар бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик

 

 

Се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети, велат од ВРЕДИ.

„Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда? Или против својот чичко, Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда кои не презедоа ниту еден чекор за решавање на ова прашање?

Повеќе од две децении ДУИ ги манипулираше Албанците со ветувања за унапредување на правата, додека албанските студенти продолжија да се соочуваат со институционални пречки и дискриминација дури и во најосновните професионални процеси.

На албанските студенти не им требаат фотографии и политички театар. Ним им требаат конкретни решенија, кои ДУИ не ги обезбеди 22 години по ред.

ВРЕДИ оценува дека времето на политички манипулации со националните прашања заврши и дека Албанците заслужуваат одговорност, а не политичко лицемерие.

Денес политичката иронија го достигна врвот, оценуваат од ВРЕДИ .

Со ВРЕДИ, правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик“, стои во соопштението од ВЛЕН.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top