Хроника

Уште едно 20 годишно момче е четвртата жртва во синоќешната трагична сообраќајка

Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје. Тој е другар на Адам Велков, кој загина во истата несреќа, со неговиот татко Ристе Велков

Завршена е идентификацијата и на последното загинато лице во стравичната сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница кај клучката Мирковци.

Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје. Тој е другар на Адам Велков, кој загина во истата несреќа, со неговиот татко Ристе Велков.

Според досегашните информации, 76-годишниот возач Б.Б. од Косово, управувајќи камион „МАН“ со полуприколка со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото на обиколницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци.

Камионот ја пробил металната ограда и преминал во спротивната насока, по што директно се судрил со автомобилот „БМВ“ во кој биле четворицата. Од силината на ударот двете возила се запалиле.

Според очевидци и информациите од терен, камионот пробил две банкини, откорнал и улично осветлување, а потоа завршил во провалија. Иако кабината на камионот целосно изгорела, возачот успеал да излезе и да се спаси.

„Од сударот настанал пожар во двете возила од кој патничкото возило и кабината на влекачот целосно изгореле“, соопшти МВР. објави Скопје1.мк

Голема трагедија: Ристе Велков и синот Адам меѓу загинатите на обиколницата

Најнови вести од: Хроника

Во Копаница, Скопско, пронајдена мртва жена (37) со прострелна рана во главата! Сопругот е приведен и одреден му е притвор!

Жена на 37-годишна возраст е пронајдена почината во скопското село Копаница со прострелна рана во главата, соопштија надлежните по извршениот увид на местото на настанот. Во близина на телото во скопското село Копаница, бил пронајден пиштол „Глок 19“, кој, според првичните информации, бил сопственост на нејзиниот сопруг.

„Докторот“-измамник П.С.од Охрид осуден на 5 и пол години затвор, бидејќи зел 56 илјади евра од осум граѓани од Штип и Виница за „итни операции“ на нивни блиски!

Пет години и шест месеци затвор доби П.С. од Охрид, кој во текот на јануари годинава измамил осум повозрасни граѓани од Штип и Виница, претставувајќи се како доктор и барајќи пари за наводни итни операции на нивни блиски. Ги убедувал дека нивните деца или внуци имаат „тешки повреди“ и оти „итно се потребни пари за операција“.

Најнови вести

To top