Колку сме одговорни за нашето здравје?! Одиме ли често на преглед за рано откривање на рак?! Секоја година околу десет милиони луѓе во светот умираат од рак, а заболуваат околу дваесет милиони луѓе. Меѓународната агенција за истражување тумори проценува дека тие мрачни бројки до 2040 година ќе се зголемат за 50 проценти.

Редовните прегледи може да спасат живот, но само ако се делува брзо и ефективно, алармираат лекарите. Според нив, повеќе од 90% од заболените од карцином може да се излечат ако дијагнозата се постави во рана фаза и се лекуваат правилно. Бројката кај нас се менува од час во час. Кога се бориш со болест, сигурноста во здравствениот систем е клучна, велат надлежните. Тие апелираат и да се избегне честа појава на сонце, особено од 11 до 16 часот, зашто тоа е една од причините за рак на кожа.
Ракот на кожа е еден од најчестите типови на рак. Годишно, повеќе од 232.000 лица се дијагностицираат со оваа болест. Добрата вест е дека постојано се зголемува бројот на третмански опции за овие лица. Во последните 3 години има повеќе иновации во третманот на рак на кожа, отколку во изминатите 30 години, додаваат лекарите. Ако се дијагностицира рано, пациентите имаат поголема шанса да ја победат болеста.