Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 23 мај – Националниот ден на Власите.

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до припадниците на влашката заедница по повод 23 мај – Националниот ден на Власите.

Во честитката, шефицата на државата го истакна древното потекло и богатото културно наследство на Власите како дел од балканските народи.

„Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет“, се вели во честитката.

Претседателката подвлече дека во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, кои се пренесувале низ генерациите, особено во тешките периоди на војни, страдања и преселби.

„Треба да сме горди како единствената држава во која Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници?“, праша Сиљановска-Давкова.

Таа додаде дека Власите со својот сеопфатен општествен придонес оставиле и продолжуваат да оставаат трајни траги на сите полиња од општествениот живот во земјава.

„Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е!“, порача претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Пријавете, ако ви побараат мито!

На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат „да, има“. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво, под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти

To top