Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!
На енешен ден, на 27 ноември 1890 година во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил својата докторска дисертација за македонскиот јазик. Трудот, насловен „За јазичната повелба на оценка на македонските Словени“ (Zur sprachlichen Beurteilung der Macedonischen Slaven), претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика, кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки. Македонски Словени, македонски дијалекти – овие клучни поими во првата воопшто докторска дисертација за македонскиот јазик се европски научни сведоштва за македонската национална, идентитетска и јазична самобитност и засебност од другите балкански и европски народи, идентитети и јазици. Една единствена докторска дисертација, оваа од пред 136 години, „пепел“ ги прави сите десеттици „научни“ докторски дисертации, во кои „се констатира“ дека македонскиот јазик е „дијалект на бугарскиот јазик“ – дисертации пишувани и бранети изминатите години и децении во бугарските универзитети. Докторската дисертација на Мазинг „пепел“ ги прави и сите „научни студии“ од Институтот за бугарски јазик и на целата Бугарска академија, а посебно нејзината публикација „За официјалниот јазик на Република С. Македонија“ од 2020 година со фалсификатите дека македонскиот јазик е „регионална пишана форма заснована врз западните бугарски дијалекти“, а не автохтон јазик со посебен историски континуитет.