Македонија

18 возачи лишени од слобода за безобѕирно возење во едно деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување возило.

Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на целата држава лишиле од слобода 18 возачи поради безобѕирно управување возило.

Од нив, 12 лица управувале возило без возачка дозвола, од кои пет биле малолетници. Четворица возеле под дејство на алкохол, а двајца возеле без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (од кои тројца малолетници), двајца во Велес, а по еден во Струга и Прилеп.

По едно лице во Делчево, Свети Николе, Велес и Прилеп управувале возило под дејство на алкохол, додека по едно лице во Радовиш и Гостивар возеле без возачка дозвола и под дејство на алкохол.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите против сторителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Министерството за внатрешни работи упатува силен апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, без важечка возачка дозвола или под дејство на алкохол. Само со заеднички напори можеме да придонесеме за побезбедни сообраќајни услови на патиштата.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со честитка за 24 Мај: Кирил и Методиј се темел на духовниот идентитет на македонскиот народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, славата и просветителите на словенските народи.

Димитриеска-Кочоска го повика СДСМ на средба: Економијата се мери со бројки, а не со паника

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, го повика економскиот тим на СДСМ на отворена средба во Министерството за финансии, при што остро ја обвини опозицијата дека шири „паника, невистини и политички конструкции“ за економската состојба во земјата.

To top