Македонија

Сиљановска-Давкова со честитка за 24 Мај: Кирил и Методиј се темел на духовниот идентитет на македонскиот народ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, славата и просветителите на словенските народи.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 24 Мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј, славата и просветителите на словенските народи.

Во честитката, шефицата на државата ги истакна големите заслуги на солунските браќа за целата европска и словенска цивилизација.

„Малкумина луѓе во историјата имале чест да бидат перцепирани од многу народи и држави како апостоли и заштитници на Европа! Такви се солунските браќа, творците на глаголицата, објавувачите на божјата вистина на старословенски јазик, втемелувачите на сесловенската историја“, се вели во честитката.

Претседателката подвлече дека нивното дело и денес има силна обединувачка моќ и претставува заедничко историско и цивилизациско наследство на сите словенски народи.

„Колку ли благодарни треба да им бидеме за сеуште живото и почитувано слово, без кое ниту оние пред нас, ниту ние не ќе можевме да ги разбереме богослужбените книги, ниту да читаме, учиме, пишуваме и твориме“, порача Сиљановска-Давкова.

Таа посочи дека Кирил и Методиј го изградиле и се вградиле во темелот на духовниот и културниот идентитет на словенските народи, меѓу кои и на македонскиот народ.

„Само описменети можеше да се самоосвестиме и ослободиме, најпрво од незнањето, а потем и од потчинетоста од секаков вид“, додаде претседателката.

Во честитката се потенцира дека подвигот на светите браќа не се состои само во создавањето на азбуката, туку во овозможувањето словенскиот човек да ја артикулира својата мисла, вера и културна самосвест на сопствениот јазик.

На крајот, Сиљановска-Давкова порача дека во време на поделби и отуѓеност, 24 Мај нè потсетува на важноста од културата, образованието, науката и вредносниот систем за градење доверба и заедништво.

„Честит 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј!“, заклучи претседателката.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top