Свет

Упад во домот на полскиот претседател Навроцки по лажна дојава за пожар

Полскиот претседател Карол Навроцки повторно е мета на лажна дојава.

Полскиот претседател Карол Навроцки повторно е мета на лажна дојава. Неизвестен сторител пријавил пожар во неговата семејна куќа во Гдањск, поради што пожарникарите насилно ја пробиле вратата и влегле во станот, иако сопствениците биле отсутни.

Портпаролот на претседателот, Рафал Лешкјевич, ја објави информацијата на социјалната мрежа „X“, истакнувајќи дека станува збор за уште една лажна пријава на бројот за итни случаи 112.

„Додека станарите беа отсутни, службите ја пробија вратата и влегоа во станот“, напиша Лешкјевич.

Тој посочи дека службите за итни случаи веќе неколку дена се парализирани од низа лажни пријави поднесени во име на новинари и јавни личности поврзани со полската десница. Според него, ова претставува сериозна закана која може да погоди секого.

Туск: Ќе ги уапсиме саботерите

Премиерот Доналд Туск реагираше остро на инцидентот. Тој потврди дека е во постојан контакт со министрите и безбедносните служби и дека му ја изразил солидарноста на претседателот Навроцки.

„Уште една телефонска провокација, овојпат за пожар во семејниот стан на претседателот Навроцки во Гдањск. Акциите на провокаторите се насочени против државната безбедност, против сите нас. Ќе ги искористиме сите расположливи методи за да ги идентификуваме и да ги уапсиме саботерите, без оглед на тоа од каде доаѓаат или кој стои зад нив“, порача Туск.

Тој најави дека утре ќе свика седница на Владата посветена на овој случај.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top