Македонија

Мај заминува со летни температури

Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 14 до максимални 29 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој на одделни места повремено ќе засилува, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во попладневните часови, особено во јужните делови од државата, ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

„Минималните температури ќе се движат од 8 до 16 степени, додека максималните дневни ќе достигнат од 23 до 30 степени“

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

„Температурата во главниот град ќе се движи од минимални 14 до максимални 29 степени“,

Според sсиноптичарите, во текот на оваа недела времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови повторно ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Особено вакво време се очекува во четврток.

Најнови вести од: Македонија

To top