Хроника

Тело на починат маж пронајдено на Средно Водно

Во саботата вечерта, било пријавено за дека бил пронајден починатиот 64 годишник во летниковецот „Видикоец“ 

Претходно тој бил пријавен дека се одалечил од домот. Станува сбор за 64-годишен маж од Скопје. 

„ На 23.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во летниковец на Средно Водно -„Видиковец“ е пронајден починат Б.П.(64) од Скопје, за кој претходно беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираа вчера од полицијата.

Најнови вести од: Хроника

ТВ „Алфа“: Голема полициска акција во Прилеп, Охрид и Струга, поради сомничења за „бизнис“ со дрога – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци!

Голема полициска акција е во тек во Прилеп, се вршат претреси претреси на 30 локации, осомничена е поголема група за активности поврзани со наркотици. Освен во овој град, претреси се прават и во Охрид и Струга, објави ТВ Алфа.

Условно осудениот Пецов – Ѓаволот си ја плати казната од 8.000 евра, а „рушветчијата“ Стафа бара условен отпуст!

Љупчо Пецов – Ѓаволот, осуден во предметот „Синџир“, ја уплатил паричната казна од 492.000 денари, односно околу 8.000 евра, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Пецов, кој беше осуден на условна казна затвор од две години, на 2 септември ја уплатил паричната казна, по што за тоа бил известен и Судот. Адвокатот Фехми Стафа, обвинет дека примил поткуп од 50.000 евра, за да влијае кај судија во предметот поврзан со Пецов, сè уште ја издржува затворската казна од една година и три месеци. Стафа сега бара условен отпуст!

Две и пол години затвор за вработената во МВР, што фалсификувала возачки дозволи, 1,3 години за возачите

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добија затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на средба со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

To top