Свет

Врховниот лидер на Иран се крие на тајна локација и дава усни наредби

Ајатолахот комуницирал преку софистицирана мрежа на курири, изјавија американски претставници за Си-Би-Ес њуз повикувајќи се на извори од американските разузнавачки служби

 

 

Мерките на претпазливост, насочени кон спречување на Израел да го убие ајатолахот Моџтаба Хамнеи, ги одложуваат разговорите меѓу САД и Иран за завршување на војната, се вели во извештајот.

Додадено е дека дури и високите ирански претставници не можат директно да го контактираат ајатолахот.

„Затоа ги слушате луѓето како велат: „Врховниот лидер се согласи со рамковниот договор“ или „Чекаме одговор за последните точки од договорот“. Секоја информација што ја добива е застарена, а неговите одговори се значително одложени“, изјави еден од претставниците за Си-Би-Ес њуз

Таткото и претходник на Хамнеи, Али Хамнеи, беше убиен на 28 февруари, првиот ден од американско-израелската војна со Иран.

Моџтаба, кој исто така беше ранет во американско-израелските напади, беше именуван за наследник на својот татко во март, но оттогаш не е виден ниту слушнат за него во јавноста.

Најнови вести од: Свет

Грција стави „сопка“ на новиот пакет санкции кон Русија

Атина сака да ги ублажи и веќе договорените ограничувања за увоз и трговија со руски течен природен гас (LNG),бидејќи Грција е светска превозна сила, а транспортот на течен руски гас преку водите и пристаништата на ЕУ носи милијарди приходи

To top