Бизнис

(Фото): Азески им врачи награди на Пленковиќ и на Мицкоски за придонес во регионалната бизнис интеграција

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, им врачи награди на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и на македонскиот премиер Христијан Мицкоски за придонес во регионалната бизнис интеграција, во рамки на посетата на хрватската делегација во Македонија.

Во рамки на посетата на хрватскиот премиер во Македонија, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески на Андреј Пленковиќ, претседател на Владата на Хрватска и на Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Македонија им врачи Награда на Стопанската комора на Македонија за личности кои најмногу допринеле за регионална бизнис интеграција.

Наградата е признание за нивиот особен придонес кон поддржувањето на регионалната економска соработка и интеграција на бизнисот. При доделувањето на признанијата, во рамки на средбата помеѓу бизнис заедниците од двете држави, претседателот Азески посочи дека оваа со оваа награда бизнис заедницата им оддава благодарност на двајцата премиери за нивната конитнуирана заложба и посветеност во насока на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и создавање нови можности за бизнис-заедницата.

Андреј Пленковиќ, како лидер на земја членка на Европска Унија, со своето искуство и активен ангажман дава значајна поддршка на процесите на европска интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, пренесувајќи знаење, практики и стандарди кои придонесуваат за побрзо усогласување со европското законодавство и деловна култура. Посветеноста кон зајакнување на економските врски помеѓу двете држави е потврдена и со последната одлука на Хрватска за одобрување на можноста за издавање долгорочни визи за професионалните возачи со што се продонесува за надминување на проблемот со престој во шенген зоната.

Христијан Мицкоски, како што вели Азески, преку својата посветеност на економските реформи, подобрувањето на инвестициската клима и зајакнувањето на регионалните економски врски, активно работи на позиционирање на Република Северна Македонија како доверлив партнер и атрактивна дестинација за инвестиции. Неговите заложби за унапредување на инфраструктурната поврзаност, дигиталната трансформација и поддршката на приватниот сектор создаваат основа за одржлив економски раст и поголема конкурентност.

Во своето обраќање на заедничкиот деловен настан кој се одржа во Охрид на бизисмените од двете држави (Хрватска и Македонија), Азески вели –  човекот сигурно не работи за да добие признание, но може да се каже дека не е рамнодушен кога другите изразуваат почит кон неговата работа. Признанието доаѓа неочекувано на различни начини, но најчесто го сугерираат пријатели и следбеници кои знаат што значи тоа. Особено значајни се признанијата што доаѓаат од странство, а најмногу од деловни здруженија. На овој начин се дава признание за долгорочни ангажмани за подобрување на соработката меѓу земјите. Сепак, тоа е признание и голема обврска да се удвојат напорите што се вложени досега за државата и општеството да одат напред.

Зошто најголемата и најбројната бизнис заедница во нашата земја ги избра овие двајца господа за таков гест на почит? Бидејќи нивната политичка работа со децении е доминирана од бизнисот и економијата, особено регионалната соработка. Го познавам г-дин Пленковиќ уште од Мостарскиот саем, а г-дин Мицкоски уште од времето кога работеше во Електростопанството на Македонија и отсекогаш се залагал за развој на бизнисот и економска соработка. Нашата комора годинава слави 104-годишнина и е членка на сите светски коморски здруженија.

Билатералниот настан од ваков тип е основа за заеднички, преку визија заснована на соработка, интеграција и споделени европски вредности, да се работи на  создавање на поинтегриран регион, во кој економиите се поврзани, а бизнисите имаат поголеми можности за развој, раст и интернационализација.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Македонија увезува над 40% повеќе стоки отколку што извезува – Како стојат земјите од регионот?!

Од јануари до јули 2026 година од земјава биле извезени стоки во вредност од 5,103 милијарди евра. Увозот во истиот период достигнал 7,199 милијарди евра, а покриеноста на увозот со извоз изнесувала околу 71 отсто.

Министерот за земјоделство го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи

Зземјоделците ќе потпишуваат договори пред испорака на производот со точни цени количини и рокови на плаќање. Министерот Серафимовски го претстави Предлог-законот за уредување на пазарите со земјоделски производи.

Како до поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности?!

Процесот на проширување на Европската Унија во Западен Балкан претставува заеднички интерес за двете страни. Интеграциите подразбираат и многу реформи во општеството, зајакнување на институциите, усогласување на законите, како и реформи на економски и социјален план.

To top