Македонија

Нема веќе влечки, шорцови, тренерки, разголеност: МВР воведе дрес-код во Одделот за граѓански работи

Кодексот на облекување мора да го почитуваат и вработените во Одделот, и странките, напомнуваат од Министерството

Министерството за внатрешни работи реши да воведе ред во начинот на облекување и на вработените, и на странките што доаѓаат по документи во Одделот за граѓански работи.

„Како институција која е постојан сервис на граѓаните, веруваме дека соодветното облекување придонесува кон подобра работна атмосфера и почитување на државните институции. Во таа насока, ги замолуваме сите граѓани пред доаѓање во нашите простории (за подигнување лични документи, пасоши или други административни услуги) да се погрижат нивниот изглед да биде во рамките на општоприфатените норми за јавни институции.

За неприфатлива облека при влез во службените простории на Одделот за граѓански работи се смета:
​премногу кратка облека (многу куси и многу тесни здолништа, како и здолништа кои не се соодветни за институција и куси панталони дизајнирани за плажа или спортски настани);
​облека која прекумерно го открива стомакот, градите или долната облека;
​облека кој вообичаено се користи во домот, на плажа или во ноќни клубови;
​тренерки и облека наменета исклучиво за спортски активности;
​облека со навредлива содржина (текстови, слики или амблеми кои можат да бидат навредливи за околината и
​несоодветни обувки (влечки, папучи, кломпи, налани, апостолки).

Истовремено, напоменуваме дека и сите вработени во Одделот се задолжени доследно да го почитуваат утврдениот кодекс за облекување наменет за вработените во Министерството“, се вели во соопштението.

 

Најнови вести од: Македонија

Асоцијациите АПИС и АСОМ бараат јавна расправа во Собрание

Легалните објекти не се закана за младината, туку популизмот, кој затворајќи го овој економски сектор ќе ги направи младите лесен таргет на незаконските играчници, на кои државата ќе нема контрола, соопштија асоцијациите на приредувачите на игри на среќа АПИС и АСОМ кои побараа јавна расправа за новиот предлог-закон.

To top