Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Исто како Заев, и Филипче е спремен за нови отстапки кон Бугарија

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија

 

Наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари.

Радев го пофали Макрон за Бугари во Уставот во Преговарачката рамка за Македонија

Радев оди понатаму и вели дека дејци како браќата Миладиновци, основоположниците на словенската писменост, Светите браќа Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски се Бугари и се дел од бугарската историја.

Бугарскиот премиер, поранешен претседател, Румен Радев, го негира и македонскиот јазик, при што вели дека потекнува од бугарскиот и дека постои од 1945 година, потсетуваат во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова не е сè. Радев го оспорува и негира и македонскиот идентитет, за кој, исто така вели, дека пости од 1945 и дека пред тоа сме биле Бугари. Кај што стигнал на јавен настап пред поголема маса на луѓе, Румен Радев не се воздржува, славната и надалеку прочуена македонска историја, да ја претставува како бугарска.

Потрагично од сето ова е што од домашните предавници, СДС, Зоран Заев и Венко Филипче нема осуда за ваквите настапи и јавни негирања, оспорувања и присвојувања на македонски национални обележја, херои, великодостојници, историја, култура. Иако сето ова се случувало и во периодот кога тие беа власт во Македонија“, велат од владејачката партија од каде велат дека СДС и Венко Филипче за негирањата молчат, но затоа, пак, се најгласни за прифаќање на бугарските ултиматуми. Филипче се претворил во пиун на Радев, на кој збор не смее да му врати, и специјален бугарски пратеник за спроведување на бугарската агенда.

„Многу е очигледно дека, освен внесувањето на неколку илјади Бугари во устав не е ниту единствен ниту последен услов за евроинтегративниот процес, туку Бугарија има пошироки барања за Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.

Од друга страна, на виделина излегува тоа дека Филипче, исто како и Заев, за власт и за амнестија на криминалите, спремен е на нови национални предавства. Граѓаните имаат право да знаат какви се идентитетски и национални отстапки би следеле доколку СДС и Венко Филипче, повторно добијат можност да дојдат на државни позиции и да одлучуваат за државни работи.

На македонските граѓани им е доста од отстапки и ултиматуми. Тие остро се спротивставуваат на поданичката политика на СДС и Филипче, кои ги донесоа да бидат трета партија, со одвај 130 илјади гласа“ се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт и цврсто стои на овој став, кој граѓаните го препознаваат.

Најнови вести од: Македонија

Во клиниката за инфективни болести во Скопје двајца пациенти со западнонилска треска се во критична состојба, за тројца се чекаат резултати

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести со западнонилска треска, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана, кој рече дека дополнително за уште тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.

Митева: На 16 август во Струмица ќе настапат најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд!

Двајца од најголемите и највлијателни уметници во електронската музика Пол ван Дајк и Пол Оукенфолд ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“. Оваа манифестација започнува на 2 август – Илинден во Битола, а завршува на 8 септември во Скопје.

Турската кинематографија во фокусот на Beach Film Festival Ohrid

Учеството на Република Туркије како земја во фокус на деветтото издание на Beach Film Festival Ohrid уште еднаш ја потврди важноста на филмот како мост за културна соработка, меѓународно поврзување и промоција на културното и туристичкото богатство на Туркије.

За завршување и целосно опремување на новата Клиничка болница во Штип – 109 милиони евра

Завршувањето и целосното опремување на новата Клиничка болница во Штип, инвестиција проценета на околу 109 милиони евра, беше тема на денешната средба меѓу министерот за здравство Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, раководството на Клиничката болница и претставници на Светската банка.

Меморандум за соработка меѓу „Македонски Шуми” и КПУ „Затвор” – Струмица: Осуденици ќе бидат ангажирани во шумарски активности

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и Казнено-поправната установа „Затвор“ – Струмица потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, со кој ќе се зајакне координацијата меѓу двете институции преку ангажман на осудени лица во општокорисна работа. Претходно, од 16 до 22 јули осуденици од КПД „Идризово“, КПД Штип, КПД Прилеп, како и од КПУ Скопје, Куманово, Битола, Гевгелија, Струмица и Струга, учествуваа во седумдневна работна акција за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта низ Македонија.

Мицкоски до Филипче: Кога бевте министер за здравство ви гореа луѓе во модуларни болници, а во Гостивар пиеја вода, опасна за здравјето, но не презедовте ништо!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, на собраниската седница, посветена на пратенички прашања, во одговор до лидерот на СДСМ Венко Филипче истакна дека во време кога тој бил министер за здравство имало извештаи за бактериолошки неисправна вода во неколку градови во 2019, но тој, како што рече, тогаш не презел ништо. Премиерот нагласи дека Обвинителството треба да се позанимава со овие случаи. 

To top