Регион

Хрватска го продава поранешниот Спомен-дом во Кумровец

Од 1991 до 2003 година, Спомен-куќата служеше за сместување на бегалци од подрачјата погодени од војната, сега се нуди за почетна цена од 2,7 милиони евра

 

 

Хрватска влада одлучи да го продаде комплексот Научно-студиски центар Кумровец и околното земјиште, дел од поранешниот Спомен-дом Кумровец изграден во 1974 година и користен како сместувачки и конгресен центар.

Комплексот во родното место место на Јосип Броз Тито, со децении се сметаше за симбол на поранешна Југославија

Спомен-домот, заедно со поранешната Политичка школа, е прогласен за проект од стратешко значење за Хрватска, а од 2023 година управува Министерството за просторно планирање, градежништво и државен имот.

Со одлука на Владата, продажбата на комплексот Научно-студиски центар ќе се изврши преку јавен тендер со собирање понуди со почетна цена од 2,7 милиони евра, што е вкупната пазарна вредност на недвижниот имот, со цел ревитализација на комплексот, зајакнување на туристичката понуда на подрачјето и спречување на влошување на објектите и трошоците за нивно одржување.

Според просторниот план, подрачјето е планирано за економски и угостителско-туристички цели, поточно хотел.

Покрај куповната цена, купувачот ќе биде должен да ги плати трошоците за подготовка на извештај за проценка во износ од 2.833 евра, како и трошоците за подготовка на енергетски сертификат во износ од 10.350 евра.

„Од 1991 до 2003 година, Спомен-куќата служеше за сместување на бегалци од подрачјата погодени од војната, а денес потребни се големи инвестиции за да се стави во функција“, рече вицепремиерот и министер задолжен за тоа, Бранко Бачиќ.

Комплексот се состои од три поврзани градежни единици со вкупна површина од 8.386 квадратни метри, кои вклучуваат голема и мала сала, читална со библиотека, деловни канцеларии, рецепција, кујна, ресторан, базен и други помошни простории, како и простор за сместување со 62 соби и придружни објекти.

Најнови вести од: Регион

ЕК ја казнува Бугарија – лажела за буџетскиот дефицит за да влезе во еврозоната

На 3 јуни следната недела, Европската комисија ќе објави извештај со кој ќе се покрене постапка за прекумерниот дефицит на Бугарија зашто дефицитот е над 3% и ќе биде предмет на редовно следење со санкции, предупреди Радев

Пресуда за исламистот со потекло од Македонија кој сакал да убива на концерт на Тејлор Свифт

Поротата го прогласи 21-годишниот Австриец за виновен по сите обвиненија во четврток вечерта, друг обвинет беше осуден на дванаесет години затвор за формирање заговор во име на џихадистичката милиција Исламска држава (ИС)

Рама: Не е проблем, ако привремено немаме право на вето!

Албанскиот премиер Еди Рама ja поддржува идејата за привремено ограничување на правото на вето во процесот на пристапување за идните членки. Веста доаѓа во време кога неколку членки предложија пристапување „чекор по чекор“ во Унијата со делумен пристап до пазарот и до институциите на Унијата. – Нема да се колебаме, што и да е потребно за да влеземе – изјави Еди Рама велејќи дека Тирана отсекогаш била „100% усогласена“ со надворешната политика на ЕУ.

Новата партија на Ципрас ја тресе грчката политичка сцена

Најави дека новото движење ќе биде „повеќе од партија“ и ќе претставува „широка политичка традиција и додаде дека Грција повеќе не може „пасивно да гледа како општеството се задушува и земјата постојано го губи престижот“.

To top