Регион

Телото на исчезнатиот 23 годишен Тетовец пронајдено во езеро во Австрија

По голема полициска потрага

Телото на 23-годишен маж од селото Сараќино, Тетовско, е пронајдено од полицијата во Австрија, откако беше пријавен како исчезнат од понеделник.

Тој беше пронајден мртов во езерото Факер. Причината за смртта сè уште не е потврдена а властите наредиле да се изврши обдукција, објавуваат австриските медиуми.

Според австриските медиуми, тревогата е крената откако на брегот на езерото се пронајдени предмети што им припаѓале на исчезнатите, што предизвика голема операција за пребарување од страна на полицијата, пожарникарите и службите за спасување на вода.

Во пребарувањето учествувале 12 нуркачи, полициски хеликоптер и неколку единици за итни случаи, додека областа била оградена, а туристите беа евакуирани.

По околу 40 минути подводно пребарување, нуркачите го пронајдоа телото на дното на езерото.

Младиот човек бил сопственик на кафуле и последен пат бил виден во Дроболах пред неговото семејство да го пријави како исчезнат.

Австриската полиција продолжува со истрагата за да ги разјасни сите околности на инцидентот.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top